Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Македонија

10.01.2017, 19:18

ЗИМСКИ УСЛОВИ НА ПАТИШТАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово - Дебар

На сите патишта низ Македонија вчера до доцна попладнето сообраќајот се одвиваше во зимски услови.

Според Диспечерскиот центар на ЈП "Македонија пат" до 15 часот забрана за тешки товарни возила имаше на патните правци Гостивар - Стража и кракот Маврово - Дебар, а проодни за сите возила беа планинските превои Ѓавато и Пресека. Доцна попладнето беше ставена забрана за камиони и кон граничниот премин Делчево, поради излизгување на камион и блокирање на патот од бугарската страна.
"Екипи со механизација се постојано на терен. Се чистат патиштата и се фрла сол и ризла. Во моментот не би можеле да кажеме колкави количини се фрлени на патиштата", ни рекоа вчера од Диспечерскиот центар на ЈП "Македонија пат".
Вчера до затворањето на весникот сообраќајот на патиштата во источна Македонија се одвиваше во зимски услови, а вработените од ЈП "Македонија пат" редовно ги чистат магистралните и регионални патни правци.
Техничкиот раководител на ЈП "Македонија пат" од Штип, Кире Коцев рече дека проблемите можат да се појават ако повторно почне да дува силниот ветар на патните правци Велес - Штип кај Сарамзалино и на патниот правец Штип - Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште, каде што возачите возат покрај снежни ѕидови високи и над три метри.



"Машините ни се континуирано на терен и ги чистат патиштата од новите снежни врнежи. Апелираме возачите внимателно да возат и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација на патиштата", рече Коцев.
Вчера до 15 часот немаше забрани за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кочани - Делчево, каде што е ризично да се патува во делот на клисурите. Штипската регионална подружница за овој снежен бран и за третиот кој се најавува во петок имаат абразивен материјал, а деновиве се очекува да пристигнат и нови количини на сол и на песок. Коцев вели дека возилата постојано им се на терен и се чистат патиштата, а од понеделникот вечерта прооден е и регионалниот пат до штипските села Драгоево и Селце.
Вчера проодни беа и локалните патишта во Гевгелиско.
Ниските температури предизвикаа проблеми во водоснабдувањето. Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи во Гевгелија, поради дефекти на пумпите на потисните цевководи, по неколку часа без вода за пиење биле Невропсихијатриската болница во Негорци и селото Смоквица. Дефектите се отстранети и водоснабдувањето е целосно нормализирано. Екипите на "Комуналец" интервенирале и кај 22 семејни објекти кои пријавиле дефекти од замрзнување на водоводните цевки. Проблеми со водоснабдувањето имаше и во Кавадарци. (И.С.)

Солта не ги одмрзна скопските улици

Снегот што минатата ноќ паѓаше во Скопје го отежна сообраќајот по улиците. Во утринските часови едвај се возеше по подмрзнатите улици, а скопјани од сите страни на градот реагираа на неисчистените коловози. Низ градот тешко е движењето и пешки затоа што врз замрзнатиот и неисчистен снег наврна нов, па граѓаните мораат многу да внимаваат за да не се повредат.
Наспроти тоа, градските власти информираа дека во текот на ноќта по градските улици и булевари фрлиле 250 тони сол, но потсетија дека индустриската сол има ефект до - 6 Целзиусови степени. Не добивме одговор зошто се фрла сол кога е неефикасна на многу ниски температури, туку само дополнување на информацијата дека чистењето на снегот се врши комбинирано.
"На терен се користат комбинирани методи за чистење на снегот бидејќи поради ниските температури индустриската сол има ефект со - 6 Целзиусови степени. Изминативе неколку часа екипите на Зимската служба на Град Скопје со механизација ги расчистува булеварите и улиците (чистење на снегот со возила со плуг)", известија од Град Скопје. (Ан. С.)

Во Маврово 68 сантиметри снег

Студено, ветровито и со умерена облачност којашто ќе се зголеми во попладневните часови е временската прогноза за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, до четврток ќе се задржи многу студено време со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.


Текстот е прочитан 336 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter