Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.03.2017, 12:23

ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ПОНИШТИ ОДОБРЕНИЈАТА ЗА ГРАДЕЊЕ ИЗДАДЕНИ ПО 2012 ГОДИНА

Ќе запре изградбата на Офицерски дом

Од Општината објаснуваат дека ќе останат само оние градби кои ќе можат да извадат нови одобренија за градење ако постоеле во старите ДУП-ови, донесени до 2012 година

Панорамското тркало, Шпанските скали, Офицерски дом и хотелот покрај него, објектите и подземната сообраќајница на турската компанија "Лимак" на Јужен булевар, катната гаража кај "Аутомакедонија", улицата на "Кеј 13 Ноември" се само дел од објектите чии одобренија за градење ќе бидат поништени, а градбата, онаму каде што е почната, ќе биде сопрена. Општина Центар ќе ги поништи сите одобренија за градење издадени во периодот од септември 2012 година досега, издадени врз основа на плановите кои Советот завчера ги поништи. Плановите Голем ринг - Јужен дел - Запад, Централно зеленило покрај реката Вардар - Јужен дел, Централно градско подрачје - Мал ринг и Голем ринг - Јужен дел - Исток повеќе не важат, оти Советот ги поништи одлуките за нивно донесување.



"Одделението за урбанизам има рок од седум дена да ги прегледа сите издадени одобренија и да му достави на градоначалникот комплетен предлог за тоа кои решенија треба да бидат поништени. Главната цел на поништувањето на одобренијата е градбата да запре и имотот повторно да се врати во сопственост на Република Македонија", вели Кочо Стојчески, раководител на секторот за инспекциски надзор во Општина Центар.
Поништени ќе бидат одобренијата за градење и на веќе изградени објекти. За нив Стојчески вели дека има посебна процедура.
"Кај објектите кои се веќе внесени во Катастар, нема да има промени, но оние кои не се внесени, за да останат, ќе добијат обврска да извадат ново одобрение за градење, врз основа на планот кој важел пред септември 2012 година. Доколку градбите се предвидени во старите планови, инвеститорите ќе можат да извадат одобренија", вели раководителот Стојчески.
(М.И.П.)


Текстот е прочитан 4000 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter