Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.02.2017, 13:19

ПОРАДИ ОБНОВА НА ТОПЛОВОДИТЕ

"Паркови" привремено ќе пресели 14 дрвја од "Народен фронт"

Кога "Балкан енерџи" ќе заврши, 14-те дрвја треба да бидат вратени на улицата "Народен фронт", а компанијата има обврска да засади и 25 нови

Дрворедот покај улицата Народен фронт во Капиштец, ЈП "Паркови и зеленило" ќе го пресели во Паркот на новинарите, спроти страта зграда на "Нова Македонија". Дрвјата се селат поради обнова на стариот топловод кој минува покрај дрворедот.
"Екипите на секторот за подигање на зеленило на ЈП 'Паркови и зеленило', овој викенд на 11 и 12 февруари ќе работат на улицата 'Народен фронт' на пресадување на 14 дрвја - 12 багреми и 2 каталпа, кои ќе бидат засадени во Паркот на новинарите. Дислокацијата на садниците се врши на барање на Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија 'Балкан енерџи' ДООЕЛ Скопје, по добиено правосилно одобрение за градба од 02.12.2016 година, издадено од Општина Центар", соопштија од "Паркови и зеленило".



Од Центар велат дека трасата поради која мора се преселат дрвјата била одбрана откако Општината не ја прифатила трасата која ја побарале од "Балкан енерџи".
"Нивното прво барање беше за друга локација на која, за да се гради, требаше да се сечат 70 дрвја. Тоа барање не го одобривме туку најдовме заедничко решение да се гради во делот каде што треба да се дислоцираат 14 дрвја, кои не се големи и полесно може да се преселат. Откако 'Балкан енерџи' ќе заврши со обнова на вреловодот, дрвјата ќе бидат вратени на истите локации, а освен тоа компанијата има обврска да засади и нови 25 на улицата 'Народен фронт'", велат од Центар.
Обнова на вреловодот била неопходна оти мрежата била стара, истрошена и предизвикувала проблеми со греењето. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 993 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter