Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.02.2017, 13:23

ПО ОДЛАГАЊАТА ПОРАДИ ПОПЛАВАТА, ЗЕМЈОТРЕСОТ И СНЕГОТ

Возење со францускиот лифт на Крстот напролет

За да биде пуштен во употреба лифтот, од ЈСП велат дека им останале за довршување ситни работи околу инсталацијата

Лифтот на Милениумскиот крст на Водно ќе почне со работа напролет. Од јавното сообраќајно претпријатие велат дека монтирањето на лифтот е комплетирано, но има работи кои треба да ги довршат, пред тој да почне да вози.
"Остануваат уште некои ситни работи околу инсталациите, за да може да го пуштиме во употреба. Тие ќе беа досега завршени, но имавме многу временски неприлики, прво поплавата, па земјотресите, па студот и ветрот кои на Водно не дозволуваат да се работи. Очекуваме дека, со покачување на температурите, ќе можеме да ги завршиме обврските и напролет лифтот да почне да вози", велат од ЈСП.
Лифтот е набавен од Франција за околу 300 000 евра. Во него има место за околу десет лица, а возењето ќе трае околу една минута. На краците е предвидено да се овозможат прошетки, но во присуство на обучено лице.



Советот на Скопје минатата година ја утврди и цената на билетот. Возењето ќе чини 50 денари за возрасни, 20 денари за деца од 6 до 14 години, а за деца под 6 години возењето е бесплатно.
Обновата на Милениумскиот крст, во чии рамки е и поставувањето на лифтот, почна 2015 година. За околу 70 милиони денари, поставена е антикорозивна заштита на Крстот, изолација на подлогата, изградени се фекална канализација, тоалети, ископани се бунари со кои е решено водоснабдувањето, со што се исполнети и сите услови да почне со работа и ресторанот кој 1,5 деценија е само во најава.
ЈСП вчера, на електронскиот систем за јавни набавки побара консултантски услуги за потребите на Жичница-Милениумски крст во износ од 300 000 денари. Од ЈСП велат дека услугите се за одржување на Милениумскиот крст. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1624 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter