Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.06.2016, 21:36

Новиот "нисан ГТ-Р НИСМО" е разјарена годзила

По сериската верзија на "нисан ГТ-Р" која беше претставена на почетокот на пролетта, на ред стигна и "хардкор" моделот "НИСМО" кој официјално дебитираше на патеката Нирбургринг.

Како и обичниот "ГТ-Р" и "НИСМО" верзијата доби целосно нов аеродинамичен спојлер изграден од јаглеродни влакна, унапредена е и аеродинамиката, односно создава повеќе аеродинамичен потисок отколку кој било сериски "нисан" досега. Моделот има поголема стабилност при големи брзини, било на прав пат, било во кривини.
Внатрешноста е полуксузна од кога било, инструмент таблата, воланот и централната конзола се обложени со алкантара, а распоредот на командите е подобрен со тоа што бројот на прекинувачи од 27 е намален на само 11.
Перформансите на колата се подобрени благодарение на крутата шасија која на инженерите им овозможи дополнително да ги приспособат амортизерите и стабилизаторите.
Моторот на "нисан НИСМО" кој ослободува 600 КС е опремен со два турбополначи со голем пречник и висок проток на воздух преземени од "ГТ3" класата, а силата на тркалата се пренесува со шестстепен менувач. Моторот од почеток до крај рачно го составуваат инженери во стерилна просторија, а на крајот на секој мотор се поставува алуминиумска плочка со името на инженерот кој го составил агрегатот.


Текстот е прочитан 3186 пати.
#
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!
"Опел" со "мока икс" ќе привлекува млади купувачи
Твинго ГТ, доказ дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања
Киа со освежен соул доаѓа во Европа

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter