Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 11:40

АНТОНИЈА РИСТОВСКА СО ПРОЛЕТНА КОЛЕКЦИЈА НА ВЕНЧАНИЦИ

Невести како капка роса (Ексклузивна фотогалерија)

Колекција инспирирана од пролетта со сите нејзини украси: пролетната утринска роса, расцутените гранки, пупките и цветовите, утрата во кои таа е сонлива, а, истовремено, присутна и освестена дизајнираше креаторката Антонија Ристовска. Кроевите во основа се многу женствени и суптилно ја истакнуваат убавината на женската фигура.

На секоја венчаница е работен рачен вез, со мониста, свилен конец, тантела и нежни 3Д цветови, детали кои им даваат посебна вредност. Стилот на венчаниците е бајковит и со вонвременска елеганција. Во моделите ќе се препознаат девојките со истенчен вкус, кои имаат софистициран стил и посебна харизма.
Колекцијата е составена од две потколекции. Првата е составена од модели во кои, помалку или повеќе, се застапени нежнорозовата и светлосината боја. Кроевите се романтични, со доработки со мониста аплицирани на венчаниците преку нова техника. Во втората потколекција доминираат елегантни бели венчаници, доработени со изобилство на 3Д цветови и со богати тантели. Се состои од 20 модели во различни кроеви: А-линија, принцес, права со висок шлиц, сирена и кратка. Материјали: свила, шифон, жоржет, француски тил, брокат, тантела.
Ова е втора колекција венчаници што ја работи дизајнерката под подбрендот "Антонија Ристовска брајд", кој го основаше лани, а е наменет за идните невести. (Л.С.)

Фото: Ани и Дими
Шминка и фризура: Студио "Даниел Николовски"

Сара и Ангелина грациозни невести

Манекенките Сара Цветанова и Ангелина Китановска преку кастинг се избрани за заштитни лица на колекцијата за невести "Пролетна роса".
"Млади се, убави и уште немажени. Ме пленат нивните грациозност, посебност, беа најпрефинети за мојот стил на венчаници", вели Ристовска.
И амбиентот за фотосесијата е внимателно избиран. На крајот изборот паднал на луксузниот хотел "Мериот" во Скопје.
"Ме воодушевија елеганцијата, големите прозорци на хотелот и секој уреден детаљ. Плус, хотелот е нов хит-избор за свадби и место од соништата за меден месец. Луксузот на амбиентот се вклопи и со луксузот на моите венчаници", објаснува Антонија.


Текстот е прочитан 5060 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter