Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.06.2016, 14:39

Светска премиера на моделот „Ауди А5 Купе“ за 2017

"Ауди" ја претстави втората генерација на моделот "А5 Купе", што според оценките на многумина љубители на автомобили, е еден од најубавите возила во гамата.

Дали новиот "А5 Купе" ќе биде достоен наследник на оригиналниот модел?
На прв поглед, заминувачкиот и новиот "Ауди А5 Купе" визуелно речиси и да не се разликуваат. Тоа не е никакво изненадување кога се знае каква е политиката на дизајнирање на моделите на овој производител. Разликите, секако, постојат, но тие се во деталите и финесите.
Иако силуетата на автомобилот и неговите пропорции речиси се непроменети, предниот дел доби поагресивна нота, благодарение на пошироката маска на ладилникот со нагласената шестаголна форма и закосените фарови. Впечатокот на динамичноста и силата на автомобилот е засилен со наборите на хаубата, кои претходно ги немаше.
Разликата меѓу двете генерации е помала кога "А5 Купе" се набљудува одзади, каде дискретно се променети изгледот на браникот и дизајнот на стоп светлата.
Од визуелните разлики, побитни се оние механичките, а новиот "Ауди А5 Купе" ги има на претек. Втората генерација е поставена на "МЛБ ево" механичка платформа, што во старт придонесе автомобилот да биде полесен и за 60 килограми, иако е подолг за околу 4,5 сантиметри од својот претходник, а и малку поширок.
Унапредена е и аеродинамиката на возилото, па "Ауди" се пофали дека со коефициент на отпор на воздухот што изнесува 0,25, новиот "А5" е водечки во својата класа.
На почетокот, моторизацијата ќе ја сочинуваат два бензинца и три дизелаши. Основната бензинска верзија погон ќе добива од четирицилиндарски 2.0-литарски мотор со 187 кс. Покрај него во понудата ќе биде и агрегат со иста зафатнина, но со 248 "коња".
Базниот дизел модел е четирицилиндерски 2.0 ТДИ, што, исто така, ќе произведува 187 кс, а на купувачите на кои тоа нема да им биде доволно ќе можат да избираат меѓу еден од двата 3.0 В6 ТДИ мотори - со 215 или 268 кс.
"Ауди" засега не ги објави деталните спецификации, а повеќе податоци се очекуваат во пресрет на официјалната саамска премиера што ќе се одржи на салонот на автомобили во Париз, на почетокот на есента.
Потоа ќе почне и продажбата, прво во Германија, а потоа и во останатите земју од Европа.
Цената ќе биде соопштена дополнително.


Текстот е прочитан 2061 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter