Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 12:58

ЕМИЛИЈА МИЦЕВСКА, АКТЕРКА ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР, ЗА 20 МАРТ - ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

Пролет значи нова ера

Дваесет и деветгодишната актерка од Драмски театар, Емилија Мицевска, е убавицата од насловната страница на "Вест", која позираше за нас во чест на Денот на пролетта, која почнува денес.

За време на целата фотосесија, веселата и харизматична Ема ни раскажуваше колку му се радува на доаѓањето на најубавото годишно време, за кое вели дека е будење на сите сетила.
"Пролетта ме асоцира на детска игра, детски спокој, дури можеш и сите бои на небото да ги видиш. Прогледување. Зумбули, кринови, лалиња. Сонце, шарена облека, прошетки, излети, насмевки, зеленило. Сè е расцутено. Нова ера. Нови мотивации. Ако не знаеш да уживаш во сето она што природата сама ти го нуди, не би ни препознал пролет. Мирен ветер нежно да те изгушка, да ти донесе мириси од некој јоргован и денот може да почне. Нашите животи треба да ни бидат пролет. Па колку и да се крие сонцето. Пролет - слобода. Енергија. Чистота. Птици. Клупи, паркови, фонтани, реки, планини, ливади. Дури и инсектите ги сакам во пролет. Велосипеди, фонтани, дружби. Пролетта дава идеи. Пролетта зближува. Пролетта е радост. Ви посакувам многу бои", ги сподели со нас Ема сите асоцијации на зборот "пролет".



Емилија е вработена во Драмски театар од декември 2014 година, а од актуелниот репертоар, игра во претставите "Јов" и "Буре барут" на Сашо Миленковски и во "Снежана и седумте џуџиња" на Димче Николовски.
За почетоците и за љубовта кон театарот, вели дека доаѓаат од раното детство.
"Што може да прави едно дете во своето детство освен да не измислува свои светови и да сака да ги сподели со сите што го сакаат. Таму некаде, во детството, се случи таа љубов, еве ја - сè уште трае. Почнав да одам во театар, во драмски студија, да се откривам себеси. Го посетував студиото на Весна Петрушевска-Бејби и кога сите излегуваа во студентските денови, јас трчав на проба или ако ја немав, одев дома да го читам тоа што ми беше дадено. Потоа се запишав на Факултетот за драмски уметности, во класата на проф. Владимир Милчин и на асистентката Сузана Киранџиска. Оттука веќе почнав вистински да живеам. Еден сон остварив", раскажува таа.
Дипломирала во 2013 година, па работела претстави и во националните театри, во алтернативниот свет, како и во телевизијата " Канал 5".
"Деновиве започнав нов проект со режисерот Синиша Евтимов, за кој уште сега знам дека ќе биде одлична претстава", заврши Мицевска.
(Б.Н.)
Фото: О. Теофиловски
Шминка и фризура: "Мое студио Дадар"


Текстот е прочитан 1515 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter