Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 13:37

ЗАПОЧНУВА ПРОЕКТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Целосна нега за стари лица во нивните домови

88 возрасни лица, жители на општина Центар ќе добиваат професионална нега во нивните домови, без да имаат потреба од институционално сместување.

Ова е во рамките на проектот "Центар се грижи за возрасните", чија имплементација започна вчера, најпрво со информирање на лицата кои се дел од проектот од страна на извршната канцеларија од "Хуманост".
"Почнувајќи од 3 април, секој корисник ќе добива нега три пати неделно, по два часа. За возрасните ќе се грижат 15 професионални негуватели, кои ги поседуваат потребните сертификати. Активностите ќе ги координира социјален работник, кој ќе подготвува досие за секој корисник, детална анамнеза и план за работа. На овој начин, секој корисник ќе добие индивидуална грижа според личните потреби", информираат од Центар.



Услугите кои ќе ги добиваат корисниците, како што велат од Центар, се помош во извршување на секојдневните активности како што се пазарење, подготовка на храна, одржување на просторот, лична хигиена, кај изнемоштените стари лица ќе се врши и утринска и делумна тоалета, како и обезбедување основна помош во мобилност, лесни масажи, физички вежби и раздвижување. Старите луѓе ќе се носат и на здравствени прегледи, контрола на крвниот притисок, набавка на лекови и ќе се води грижа навремено да земаат терапија. Ќе имаат и психо-социјална поддршка, помош во исполнување на социјални, културни, забавни и други потреби, одржување на социјални контакти и соодветни активности во локалната заедница.
Општина Центар е првата општина која нуди ваква помош за своите повозрасни граѓани, и за доброто на нашите највозрасни, пожелно е и другите општини, по примерот на Центар, да преземат мерки за развивање и субвенционирање на локалните социјални сервиси.


Текстот е прочитан 656 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter