Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.12.2016, 12:57

УСВОЕН ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2017 ГОДИНА

На лето во нов Луна парк

Град Скопје догодина ќе располага со околу 80 милиони евра за реализација на зацртаните проекти во буџетот. Советот на Град Скопје вчера го освои предлог-буџетот според кој најголем број од средствата ќе се наменат за проширување на булевари и пробивање на улици, со кои во голема мерка ќе се намали сообраќајниот метеж низ градот. Како поважни проекти се истакнуваат набавката на електричните автобуси, кои треба да бидат замена за трамвајот, изградбата на новиот Луна парк и неколку кружни текови.

"Буџетот е развоен и издржан, планиран за неопходни и значајни проекти за подобрување на секојдневието. Дали е доволно? Не. Уште колку треба? Многу, но гледаме што е најприоритетно и во рамките на можностите. Досега во Скопје многу е направено, но во наредниот период уште ќе работиме", рече градоначалникот Коце Трајановски пред советниците при претставување на буџетот за 2017 година.
Трајановски објасни дека догодина ќе почне постапката за воведување на нови возила за јавниот превоз. Кон почетокот на 2017 година ќе биде распишан тендерот и до крајот на годината треба да биде склучен договорот. Наредната година конечно ќе проработи и новиот луна парк. Годинава ќе биде партерно уреден просторот и ќе бидат набавени и монтирани дел од реквизитите. Како што истакна Трајановски, до средината на 2017 година треба да бидат завршени булеварите "Србија", "Борис Трајковски", "Трета македонска бригада", "Христијан Тодоровски Карпош" од "Веро" до зградата на Општина Чаир, како и третата фаза кон населбата Бутел. Како нови проекти кои ќе стартуваат годинава се проширување на улицата "Теодосиј Гологанов" од Клубот на пратениците до крстосницата со булеварот "Климен Охридски", проектирање на кружните текови за подземната сообраќајница на "Јужен булевар", проширување на улицата "Павел Шатев" кај Министерството за внатрешни работи со 4 ленти, реконструкција на "Народни херои" во Кисела Вода како и пробивање на новата улица "Есенинова" кај Тутунски комбинат. Догодина четири ленти ќе добие и булеварот "Никола Карев" или познатата пластичарска улица. Во Општина Карпош ќе се реконструира улицата "Лондонска" кај ТЦ "Сити мол" и ќе се проширува кружниот тек кај "Хубо маркет", во Општина Ѓорче Петров улицата "Борис Сарафов", во Гази Баба булеварот "Александар Македонски" од "Агросервис" до АСУЦ.
Според опозицијата во Советот на Град Скопје, буџетот за 2017 е најкатастрофален предлог-буџет во мандатите на Коце Трајановски.
- Овој буџет е нехуман. На 6-ти август, 23 сограѓани го загубија животот во катастрофалните поплави. За 2017 година Коце Трајановски нема предвидено ништо за дополнителна заштита на Скопје од поплави и други катастрофални појави. Секоја година Скопје се гуши во екстремно загадување. И повторно како и секоја година досега Коце Трајановски нема предвидено дополнителни средства за мерки за намалување на загаденоста. Ама и годинава предвидени се 5,7 милиони евра за барокни фасади, 2,6 милиони евра за луксузната Градска куќа, пола милион евра за партерно уредување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и 200 000 евра за нов карусел - рече Дамјан Манчевски, координатор на СДСМ во Советот на Град Скопје. (А.А.)


Текстот е прочитан 2144 пати.
#
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"
И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември
Пролет значи нова ера
Стопирана изградбата на улицата на кејот
Паркот Жена-борец првпат ќе добие прскалки
Со зеленило против загадувањето
Катадиоптри за подобра видливост во Ѓорче Петров
Пролетна акција на јавните претпријатија во Ѓорче

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter