Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.04.2017, 15:16

СО ПРЕМИЕРАТА НА "РЕКВИЕМ ЗА ГОСПОЃА Ј" ВЕЧЕРВА ВО "МИЛЕНИУМ"

Мирјана Карановиќ го отвора Скопје филм фестивал

Со македонската премиера на "Реквием за госпоѓа Ј", српско-македонско - бугарско-руската копродукција на режисерот Бојан Вулетиќ, вечерва во 20 часот, во киното "Милениум" ќе се отвори 20. Скопски филмски фестивал (20 до 28 април).

Филмот беше прикажан на годинешното 67. издание на Берлинале, на ФЕСТ Белград каде што освои награда за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио и за најдобра женска улога, на 21. Интернационален филмски фестивал во Софија, на кој ја освои наградата ФИПРЕСЦИ, која ја доделува Интернационалната федерација на филмски критичари.
Сценариото е на Бојан Вулетиќ, директор на фотографија е Јелена Станковиќ, сценограф е Зорана Петров, костимограф е Лана Павловиќ, шминката е на Јасмина Лилиќ, а монтажата на Владимир Павловски.
Играат: Мирјана Карановиќ, Даница Неделковиќ, Мира Бањац, Јована Гавриловиќ, Срѓан Тодоровиќ.
Продуцент е Ненад Дукиќ (Србија), а копродуценти се Павлина Желева (Бугарија), Томи Салковски (Македонија), Александер Родњански (Русија) и Алис Ормиер (Франција).
"Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на повеќе различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва. Главниот лик госпоѓа Ј, откако останува без работа и пензија, бара начин материјално да го обезбеди своето семејство. Постарата ќерка крие дека е бремена, помладата ќерка влегува во бурен пубертет, а свекрвата само молчи и не комуницира со никого. На еден поинаков начин, преку црн хумор, овој филм се обидува да зборува за сериозни теми од животот во транзиција", велат од Скопје филм студио.
На премиерата ќе присуствуваат режисерот Вулетиќ и Мирјана Карановиќ, како и продуцентите Ненад Дукиќ и Миша Могоровиќ, како и македонската екипа која работеше на филмот.

(Б. Н.)

75 филмови за 20-тиот роденден

За дваесетгодишниот јубилеј, Скопски филмски фестивал носи повеќе од 75 филмови, работилници, гостувања на реномирани филмски имиња, првата македонска филмска ретроспектива на Стенли Кјубрик, а првпат ќе се одржи и програмата "Креираме заедно".
Филмовите се распоредени во осум програми: Гала, Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција.
Програмите, до 28 април, ќе се одржуваат во киното "Милениум", Кинотека на Македонија и во киното "Фросина".


Текстот е прочитан 181 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter