Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 14:23

ПОРАДИ БРОЈНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ПРЕВОЗОТ

Приватниците четири месеци ќе го тестираат новиот систем за наплата

По истекот на четирите месеци, откако ќе ги согледаат сите проблеми, приватниците ќе бараат измени на новиот начин на работа

Приватните превозници почнаа да го применуваат новиот систем за наплата во јавниот превоз, но имаат многу забелешки. Главно, забелешките се однесуваат на начинот на пресметка на парите кои ќе ги добиваат од Град Скопје за изминат километар. Колку ќе добиваат, зависи од цената на нафтата, ако таа е под 30 денари за изминат километар, ќе добиваат 46 денари, а ако е над 120 денари, приватниците ќе добиваат 87 денари за изминат километар.
"Ние се залагаме за праведна наплата. Забелешки имаме многу. Точно ќе ги дефинираме во следниве четири месеци. Тоа е разумен рок во кој може да согледаме како функционира новиот систем за наплата и какви се нашите трошоци. Ние настојуваме во пресметката да се земат предвид сите трошоци што ги имаме.



Со новиот систем сè ќе биде прегледно. Ќе се знае дали некој се исклучил па не вози во период кога нема патниците, колку патници има и слично", вели Ленин Јовановски, директор на "Слобода превоз".
Врз основа на четиримесечното искуство, Јовановски вели дека повторно ќе разговараат со одговорните во Град Скопје за евентуална измена на начинот на пресметка на цената за изминат километар, но и за сите проблеми кои ќе се појават во текот на работењето.
Со примената на новиот систем за наплата, приватниците добија и нови линии, но тоа се, главно, нерентабилни линии, на кои досега ЈСП бележи само загуби поради малиот број патници. Ги добија приградските линии за Свиларе, Рашче и за Љуботен, односно 11, 11-а и 47-а. Заедно со ЈСП возат на линиите 22,52,61 и 63, а само приватници има на линиите 9,12,19,20,23,45,54,55,55-б и 73. (М.И.П.)


Билетите на учениците не важат за време на распустот

До 18 јануари билетите на средношколците нема да важат ниту во ЈСП ниту кај приватниците. Од ЈСП објаснуваат дека учениците немаат право да користат бесплатен превоз за време на зимскиот распуст.
"Тоа е од причина што субвенционираните билети им се со важност од 9 месеци или поточно од 1 септември, заклучно со 20 јуни следната година, но без зимскиот распуст", објаснуваат од ЈСП.


Текстот е прочитан 812 пати.
#
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Скопје се чисти од новиот снег
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки
Голем дефект на мрежата, повеќе делови од Скопје без парно
Две нови возила за отпад во Илинден

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter