Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 12:28

СО ЦЕЛОСНОТО ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА

Јавниот превоз не поскапува

Се вози по цените кои лани ги утврди Советот на Скопје според кои превозот чини 35 денари

Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" ги вози патниците по лански цени. Од претпријатието информираат дека цената на билетот не е покачена, туку дека се работи по ценовник во кој цените на некои билети беа намалени минатата година со одлука на Советот на Скопје.
"Намалени се цените на месечниот и годишниот билет, а изедначена беше цената на билетот за едно возење во сите зони, односно цената на билетот од приградската зона од 40, беше намалена на 35 денари", велат од ЈСП.
Истите цени важат и кај приватните превозници оти од 1 јануари почна примената на новиот единствен електронски систем за наплата со кој наплатата за превозот се врши исклучиво со електронски картички. И во нивните автобуси возачите овој месец ќе продаваат неперсонализирани картички чија цена е 150 денари, а со купувањето на картичката патникот добива пет гратис возења кои имаат неограничен период за искористување.



Патниците за превозот може да платат и со мобилен телефон. Единствено со мобилен, може да се купи билет за само едно возење за сите линии, како и за ноќните линии.
Минималниот износ со кој може да се надополнуваат електронските картички е 100 денари, а на картичката не може да се внесат повеќе од 6.000 денари.
И во првите три дена од годината билетарниците на ЈСП се блокирани од пензионери и студенти кои имаат обврска да ги продолжат билетите за да им важат и оваа година. На сите места низ градот каде што може да се продолжи билетот постојано има по педесетина граѓани застанати во редица пред влезот. (М.И.П.)


Возачите засипнати од објаснувања за билетите

Возачите и во приватните и во автобусите на ЈСП се принудени речиси на секој патник овие три дена да му објаснат дека повеќе не постои билет од едно возење и дека за превозот не може да платат со давање 25 денари на возачот. И покрај најавите дека од годинава стартува новиот единствен електронски систем за наплата, автобусите се полни со неинформирани патници.
"Возачот засипна објаснувајќи дека не треба повеќе нему да му даваат по 25 денари за превозот, туку дека се обврзани да купат картичка. На секое негово објаснување следуваа нови и нови прашања од патниците. Истата слика се повторуваше на секоја следна станица", вели патничка која се симна од приватен автобус.
Не е поинаква сликата и во автобусите на ЈСП. И таму воза;ите од први јануари им објаснуваат на патниците дека нема хартиен билет и дека кај нив единствено може да купат неперсонализирана картичка од 150 денари со пет гратис возења.


Текстот е прочитан 1950 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter