Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.08.2016, 14:10

Дизајнерски скици на новата „Киа Рио“ за 2017

Корејскиот производител на автомобили "Киа" ги објави дизајнерските скици од новата генерација на моделот "Рио", во пресрет на официјалната премиера закажана за претстојниот авто-салон во Париз.

Иако цртежите не претставуваат целосно верна слика на новиот модел, може да се заклучи дека "Киа" се одлучи за нешто поагресивен дизајн на надворешноста на автомобилот, при што се задржани стилските врски со претходникот.
На скиците е прикажан хечбек моделот со пет врати (се уште актуелниот "Рио" се произведува и во верзија со четири врати), а освен традиционалните предимензионирани тркала и заоблувања на калниците, што е карактеристично за сите дизајнерски цртежи, добивме прилично реалистичен увид во изгледот на фаровите, стоп светлата и маската на чадилникот.
Дизајнот на автомобилот е производ на соработката на студијата на "Киа" во Германија и Калифорнија, со супервизија на главниот дизајнерски центар од Јужна Кореја. Стилските новини се забележливи и во кабината, која има помодерен изглед во однос на генерацијата на "Рио" во змаинување, со неизбежниот доминантен екран на мултимедијалниот уред и редукција на бројот на копчиња на командната табла.
"Рио" е многу значаен модел во гамата на корејскиот производител, со оглед на фактот дека со 473.000 испорачани единици во 2015 година овој автомобил глобално е најпродавана "Киа" во светот.
Засега не се откриени многу технички детали, но познато е дека меѓуосовинското растојание е поголемо во однос на претходникот, што гарантира повеќе простор за патниците на задните седишта. Актуелната верзија има багажник од 288 до 974 литри, во зависност од тоа дали задните седишта се исправени или легнати, а од "Киа" наведуваат дека наследникот ќе ги надмине овие бројки.


Текстот е прочитан 2937 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter