Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.01.2017, 13:27

ИНВЕСТИЦИОНАТА ПРОГРАМА НА "ГРАДСКИ ПАРКИНГ" ДЕНЕС ПРЕД СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ

Годинава нови 1.500 паркинг-места

Од 1.500 нови паркинг-места, 452 се во Дебар Маало

Јавното претпријатие "Градски паркинг" годинава ќе инвестира во изградба на вкупно 1.500 нови паркинг-места. Инвестиционата програма за 2017 година на "Градски паркинг" денес ќе се најде пред советниците во Град Скопје.
"Во 2017 година претпријатието предвидува бројот на паркинг-места кај зонски организираните јавни површини наменети за паркирање да се зголеми за 1.500, од кои за 452 паркинг-места веќе има изработени сообраќајни проекти. За дел од субзоните не е изработен сообраќаен проект и не сме во можност да дадеме точен број на паркинг-места кои би биле ставени во употреба во текот на 2017 година", се наведува во инвестиционата програма.



Од 452 места за кои веќе има сообраќајни проекти, 148 се во Дебар Маало. Од нив 31 паркинг-место ќе бидат означени на улицата 'Иван Милутиновиќ', 2 на 'Мирослав Крлежа', 19 на 'Антоние Грубишиќ', 48 на 'Михаил Цоков', 11 имаат локација означена само како Дебар Маало, 20 кај кружен тек и 17 на улица 'Пиринска'. Останатите 304 места за кои има проекти се во четвртата бела зона, односно во Автокоманда, Кисела Вода, Карпош 1 и Карпош 3. За новите паркинг-места во Кисела Вода, Карпош 1 и Карпош 3 претпријатието допрва треба да изработи сообраќајно-техничко решение, односно да изработи проект за регулирање на сообраќајот кој треба да биде одобрен од Град Скопје и од Министерството за внатрешни работи, кои пак треба да издадат решение за утврдување режим за секоја паркинг-површина поединечно.
Инвестиционата програма, во која новите паркинг-места се само еден дел, претпријатието предвидува да ја финансира од сопствени приходи во висина од 81.587.000,00 денари и со субвенции од Град Скопје кои годинава за сите проекти изнесуваат 106.587.000,00 денари. (М.И.П.)


"Паркинзи" ќе купат уште две пајак возила

Во првиот квартал од 2017 година ЈП "Градски паркинг" ќе добие две нови пајак возила. Постапката за јавна набавка и договорите за набавка веќе се склучени, останува само да се реализираат. Двете возила чинат 1.500.000,00 денари.
Со нив "Пајак" службата ќе има вкупно десет специјализирани возила.


Текстот е прочитан 1210 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter