Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.06.2016, 22:09

Ибрахимовиќ е заштитно лице на новото "волво В90"

"Единствените фудбалери кои самите можат нешто да променат се Меси, Роналдо и јас", изјави Златан Ибрахимовиќ на почетокот на снимањето на рекламата за новото "волво В90" која премиерно се емитуваше завчера.

Ибра сè уште не одлучил дали ќе му остане верен на ПСЖ или ќе се пресели во Премиерлигата, но му остана верен на шведскиот автомобилски бренд со кој соработуваше и на кампањата за "волво ХЦ70".
"Волво В90" е караванска верзија на новиот модел "С90". Долго е 4,96 метри и користи само четирицилиндрични бензински и дизел-агрегати во распон на силата од 190 до 320 КС. Врв на понудата е хибридната варијанта "Т8 твин енџин" која комбинира турбобензински агрегат и електромотор со вкупна сила на системот од 407 КС.
Овој модел го карактеризираат кратки спустови, долга хауба и ниска линија, "кул" скандинавски дизајн изработен од благородни материјали и фина пластика, односно квалитет што може да се почувствува. Просторот го има во изобилие, било да седите напред или назад. "Волво" користи најсовремени технолошки решенија, напред е независната суспензија со двократна виљушка која се употребува за првпат, а на задната осовина се наоѓа мултилинк суспензија од лесен композитен материјал.
Сите верзии на моделот сериски доаѓаат со осумстепен "гиртроник" автоматски менувач, а цената ќе почнува од 49.000 евра.


Текстот е прочитан 3653 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter