Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.06.2016, 23:11

Шестата генерација на "поло" пристигнува во 2017

И додека во автомобилската јавност се шушка за најавата на "Фолксваген" дека ќе им сврти грб на ТДИ-моторите, "Автобилд" донесе нови рендери на шестата генерација на "поло", која треба да се појави на почетокот од 2017 година.

Актуелното "поло" со минимални измени влезе во осмата година и очекувано е Германците да претстават модел што би требало да го зазеде врвот во Б-класата.
"Поло" ќе ја користи платформата на "голфот" и ќе биде долго 4.100 милиметри. Современиот дизајн ќе обезбеди и помала тежина за 70 кг, а значајно е унапредена и безбедноста на патниците.
"Поло 6" носи простран и квалитетен ентериер, при што возачите ќе можат да си порачаат и ЛЕД-светла, адаптилна шасија и виртуелен кокпит.
Под хаубата ќе има ТДИ-мотори, но 1,4-литарскиот трицилиндричен ќе биде заменет со 1,6-литарски агрегат со четири цилиндри и сила од 95 КС. Меѓутоа, најголемиот број купувачи би требало да се определат за 1,0-литарскиот ТСИ-бензинец со три цилиндри, кој ќе испорачува сила од 65 КС, 75 КС, 95 КС и од 115 КС. Тука е и 1,5 ТСИ со 150 КС, како и 2,0-литарскиот со 200 КС, кој би требало да го движи "поло ГТ".
Шестата генерација на "поло" ќе биде претставена на Саемот во Женева, а продажбата ќе стартува во август 2017 година, со почетна цена од 12.500 евра.



Наскоро ќе се појави и редизајнирана "седумка"

"Фолксваген" наскоро би требало да го претстави и редизајнираниот "голф 7" со нови ЛЕД-светла и со изменети браници, односно екран осетлив на допир, со дијагонала од 9,5 инчи во кабината. Како и во случајот со "поло", акцентот е ставен на ефикасните и економични трицилиндрични ТСИ-агрегати, при што најсилната верзија би требало да има 420 КС.


Текстот е прочитан 5430 пати.
#
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!
"Опел" со "мока икс" ќе привлекува млади купувачи
Твинго ГТ, доказ дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања
Киа со освежен соул доаѓа во Европа

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter