Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
АВТОМОБИЛИ

11.01.2017, 13:58

КИА влегува во светот на спортските лимузини

Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше првата спортска лимузина со погон на задната осовина наречена "Стингер".

По пет години по концептниот автомобил со кој КИА најави како ќе изгледа нивниот спортски седан, јужнокорејската автомобилска компанија го претстави производниот модел "Стингер", со кој влегува во автомобилскиот сегмент.
Подолг и поширок од повеќето конкуренти од класата на која припаѓа, "Стингер" ќе се продава во Европа и во Северна Америка. Покрај погонот преку задната осовина, со кој стигнува и механичка ограничена блокада на диференцијалот, ќе се нуди и версија со погон преку двете осовини, каде вртливиот момент сепак ќе оди на задната осовина.
Основниот мотор во понудата е дволитарскиот четирицилиндричен турбо-бензинец кој нуди околу 260 коњски сили, а тука е и 3,3 литарскиот В6 битурбо мотор, кој располага со околу 370 коњски сили, што е доволно "Стингер ГТ" од 0 до 100 километри на час да стигне за 5,1 секунда и да развие 269 километри на час.
Во опцијата со В6 мотор стигнуваат Брембо кочници, мултилинк на задниот дел, но и одличен Харман/Кардон аудио-систем.
Без разлика на моторот, "Стингер" за пренос на моќноста на подлогата ќе користи осумстепен автоматски менувач, а рачен менувач за сега не се спомнува.


Текстот е прочитан 3156 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter