Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Црна хроника

11.01.2017, 22:40

ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Почина 73-годишен затвореник

Почина уште еден затвореник од затворот во Идризово. Се работи за 73-годишниот М.А. (73) од Гостивар, кој бил на отслужување казна затвор во КПУ "Идризово" во времетраење од 4,5 години за трговија со дрога.

Тој на лекување бил донесен на втори овој месец, прво на Клиниката за нефрологија, а откако наредниот ден му се влошила состојбата, бил префрлен на КАРИЛ каде што завчера и починал.
Телото на починатиот било предадено на обдукција.
Ова е втор случај да почине затвореник за изминативе два дена. Завчера почина С.Р. (56) од с. Речане, Гостиварско, кој во затворот отслужувал казна затвор за убиство. Тој дента, околу 10 часот бил однесен на Токсикологија, а околу 12:30 починал. Како што информираа од полицијата, тој боледувал од канцер, по што му се влошила состојбата, и од затворот бил префрлен во болница. И во октомври минатата година двајца затвореници починаа во или на пат кон болница.
Тогаш на Клиниката за гастрологија почина Б.И. (29) од село Лојане, Кумановско, кој боледувал од цироза, а два дена пред тоа бил донесен на Клиниката поради влошена здравствена состојба.
На 17 октомври минатата година, на пат кон болницата, во возило почина и затвореникот Ш.З. (46) од селото Радожда, Струшко.


Текстот е прочитан 1783 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter