Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.12.2016, 13:09

Изложба на желби на децата со попреченост

Желбите на дел од децата со пречки во развојот вчера беа изложени во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба, заедно со нивни фотографии.

Посетителите дознаа кој сака диносауруси, која сака водени бои, чија желба е да се бакнува и да се гушка, кој сака да патува, кој сонува да вози автобус.
Изложбата е дел од кампањата "Будење" на Анче Туфекчиева, мајка на дете со Даунов синдром, поддржана од многу родители што имаат деца со пречки во развојот.
Изложбата ја отвори Александар Матовски - Цако, музика пушташе Сара Миленковска, а најбројни гости беа децата со попреченост, нивни родители и пријатели, па на моменти Јавна соба беше претесна за сите што сакаа да ги видат фотографиите и со купување на книгата "Светот е жеден за промена" да донираат пари во хуманитарни цели.
"Ова е трето 'Будење', трета изложба која е дел од оваа кампања со основна цел да го разбудиме општеството за постоењето на лицата со пречки во развојот", рече Ирена Мила, една од организаторките на изложбата. (М.И.П.)


Фото: Д. Перковски


Текстот е прочитан 356 пати.
#
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Скопје се чисти од новиот снег
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки
Голем дефект на мрежата, повеќе делови од Скопје без парно
Две нови возила за отпад во Илинден

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter