Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.06.2016, 21:34

"Ауди А5" и "С5" се новите "господари на прстените"

По новата генерација на еден од најпопуларните модели на "Ауди", "А4", од фабриката во Инголштат сега стигна и потполно новата генерација на атрактивното купе "А5", како и неговиот спортски роднина "С5" кои во продажните салони ширум Европа треба да се најдат до ноември годинава.

Новиот "А5" изгледа поагресивно и модерно, со нов трапезоиден грил, светлосни групи кои поседуваат дневни ЛЕД-светла и динамични трепкачи, а и хаубата е нешто подолга во однос на моделот во заминување.
Моделот има зголемено меѓуосовинско растојание, полесен е за 80 кг, нуди виртуелен кокпит кој е составен од 12,3 инчен дигитален екран за инструменти, како и нов мултимедијален ММИ систем со дисплеј со дијагонала од 8,3 инчи.
"А5" во почетокот ќе се нуди со два бензински и три дизел-агрегати. Тука е познатиот ЕА888 турбобензинец од 2,0 литри што ќе дојде во две верзии, со 190 КС и 286 коњски сили. Кај дизелите нема изненадувања. Тука е проверениот ЕА288 2.0 ТДИ од 190 КС, додека за оние купувачи кои сакаат повеќе моќ, резервиран е 3,0-литарскиот В6 ТДИ мотор со 218, односно 286 КС.
Од друга страна спортската "С5" верзија е опремена со новиот 3,0-литарски В6 турбобензинец кој ослободува 354 КС, а во соработка со осумстепениот автоматски типтроник менувач и погонот на четири тркала, до 100 км/ч стигнува за 4,7 секунди.


Текстот е прочитан 2422 пати.
#
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!
"Опел" со "мока икс" ќе привлекува млади купувачи
Твинго ГТ, доказ дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања
Киа со освежен соул доаѓа во Европа

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter