Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Македонија

19.04.2017, 12:24

Во Македонија се пуши помалку во последните четири години

Потрошувачката на цигари во Македонија последниве четири години бележи континуиран пад од 2 до 4 отсто, а ваквиот тренд е евидентен и во Европа каде веќе 15 години консумацијата се намалува за 2 до 6 проценти.

Како што беше речено денеска на прес-конференцијата на Империјал Тобако, клучни причини за намалувањето на потрошувачката на цигарите се куповната моќ на граѓаните, промената на цените, здравствениот аспект, а во последно време и законската регулатива која забрани пушење во затворен простор.

Според директорот на Империјал Тобако за македонскиот, албанскиот и косовскиот пазар Кирил Величковски, врз одлуката на потрошувачите помалку да пушат дополнително влијае и означувањето со застрашувачки фотографии дека пушењето е штетно.

Величковски смета дека еден пушач просечно троши по 18 до 19 цигари дневно.

Одговорајќи на новинарски прашања, директорот на Империјал Тобако за регионот Стеван Вранеш истакна дека последното поскапување на цигарите не беше поради зголемувањето на акцизата.

- На формирањето на продажната цена влијаат многу фактори, не само акцизата. Последното поскапување на цигарите беше интерна одлука, на компанијата, согласно сопствените проценки за нејзиното позиционирање на пазарот, потенцира Вранеш.

Империјал Тобако ја одржа прес-конференцијата по повод јубилејот, 15 години на македонскиот пазар. Како што беше најавено, компанијата планира да го зголеми производството годинава за 30 отсто, а во проекциите се и нови инвестиции за натамошно осовременување и модернизирање на капацитетите. Вкупните вложувања на Империјал Тобако се 40 милиони евра од 2002 година. Компанијата годишно придонесува 100 милиони евра за македонскиот Буџет.

- Минатата година откупивме 1.924 тони македонски тутун, од кој дел се користи во производството на брендовите произведени во Македонија. Годинава, пак, планираме зголемување на откупот за 8,7 отсто, рече претседателката на Управнот одбор на Империјал Тобако за регионот Пиа Барборич Јурјашевич.

Империјал Тобако брои околу 200 вработени, произведува шест брендови цигари за домашниот пазар меѓу кои „родео“ е водечки. Брендовите на Империјал Тобако во моментов имаат околу 60 отсто удел на македонскиот пазар.

Империјал Тобаоко извезува преку 40 отсто од вкупното производство на пет пазари во регионот, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија, како и во Русија каде годинава планира пласманот да достигне 30 отсто од производството.


Текстот е прочитан 538 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter