Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 13:06

ФРАНЦУСКИОТ ПИЈАНИСТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАСТАПИТЕ ВО МОБ

Клајдерман ја покани скопската публика на концерт

Светски познатиот пијанист од Франција, Ричард Клајдерман, испрати покана до сите свои обожаватели за концертите што ќе ги одржи во Скопје, на 1 и на 2 април, во Македонската опера и балет.

"Сите оние што сакаат да присуствуваат на концертот на најпознатиот виртуоз, а сè уште немаат билет, нека побрзаат. Многу е веројатно дека целиот преостанат капацитет ќе биде распродаден за неколку дена", велат од "Прагма продукција", организатор на концертот.
Концертот е поддржан од Министерството за култура.
Билетите, кои се во ограничен број, може да се набават на сите продажни места на "Купи карти за сè" низ цела Македонија, "Пола Југотон" и на билетарницата на Македонската опера и балет.
Клајдерман стана познат во целиот свет по темата "Балада за Аделина", која во 1976 година ја компонираше Пол де Сеневил.
Вистинското име му е Филип Паже и е роден на 28 декември 1953 година во Париз, а првите пијано часови, на многу рана возраст, ги добил од татко си, кој бил професор по клавир. За Ричард се вели дека на шестгодишна возраст подобро свирел пијано отколку што го зборувал својот мајчин јазик.



На 12-годишна возраст бил примен на музичкиот конзерваториум во Париз, а на 16 години ја добил првата награда како најдобар пијанист. Многу брзо по првата награда, тој сè помалку свирел класична музика и на изненадување на своите најблиски, почнал со модерна музика.
Неговиот живот се сменил во 1976 година, кога добил повик од Оливер Тоусант, познат француски продуцент, кој барал пијанист да ја сними баладата за Аделина, која ја напишал Пол де Сеневил. На аудицијата, Ричард победил 20-мина конкуренти и ја добил работата. Снимката од "Балада за Аделина" е продадена во 22 милиони копии низ 38 земји. Продуцентот тогаш му го сменил името во Ричард Клајдерман. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 349 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter