Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Црна хроника

10.01.2017, 14:22

Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од село Дебреште, Гостиварско поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.

Како што соопшти денеска МВР, првото кривично дело пријавениот го извршил на 26 декември 2016 година во деловната просторија на сервисот за мобилни телефони „Мобител“ во рамки на ДООЕЛ „Прима“, лоциран во градскиот безистен во Струга, сопственост на И.Ќ. од село Октиси. Крадецот со употреба на подесен предмет од излогот одзел повеќе мобилни телефони.

Второто кривично дело пријавениот го извршил на 27 декември 2016 година во менувачница „КЕ-МЕ“, лоцирана на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга, сопственост на М.М. од Струга. Пријавениот со подесен предмет ја отворил вратата од каде одзел 50 швајцарски франци и метален сеф во кој имало метални монети денари и евра, со што е причинета материјална штета од 70.000 денари.


Текстот е прочитан 396 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter