Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Скопје

11.01.2017, 13:47

Семафорот не работи, опасно преку улица

Семафорот на улицата "Ѓорче Петров", во непосредна близина на зградата на Општина Ѓорче Петров, веќе десетина дена не работи.

Жителите на оваа скопска населба се жалат дека пеш не можат да ја поминат улицата и по десетина минути, бидејќи ниедно возило не застанува. Тие објаснуваат дека откако почнале снежните врнежи, особено е опасно да ја минат оваа фреквентна сообраќајница, бидејќи мора да внимаваат и да не се лизнат на коловозот, додека се обидуваат што побрзо да претрчаат. Во непосредна близина на оваа крстосница има детска градинка и основно училиште.
Град Скопје вели дека за одржување на хоризонталната и вертикалната сигнализација на градските улици и булевари е задолжено ЈП "Улици и патишта" и оти нивниот сектор за одржување на светлосната сигнализација не евидентирал таков проблем, односно дека семафорите работат.
"Од претпријатието велат дека можеби имало краткотрајни периоди кога не работеле семафорите, поради прекин на електричната енергија", тврдат од Град Скопје.


Текстот е прочитан 871 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter