Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
АВИОНИ

11.01.2017, 13:06

АВИОНИ

Забрането за летање!

САД - Ако на светската мапа се исцртаат дестинациите на авионските летови на сите авиокомпании на светот ќе се добие најгустата пајакова мрежа.

Сепак, лесно можат да се воочат и точно девет дупки во таа мрежа, односно места каде воопшто не поминуваат авиони. Специјализираните "Флајт радар" и "Лук ет ми", објаснуваат кои се тие девет места во светот и зошто низ ги заобиколуваат сите авиокомпании.

Источна Украина

Откако во текот на летото на 2014 година над Доњецка област беше соборен авион на Малезиан ерлајнс, кој патуваше од Амстердам кон Куала-Лумпур, светската заедница посочи дека над зона со воени дејствија не е дозволено да прелетуваат авиони од цивилната авијација. Оттогаш натаму се избегнуваат слични случаи.

Северниот дел на Ирак и Сирија

Преговорите за воведување на зона без летови над Сирија почнаа по почетокот на граѓанската војна во земјата. Тоа ќе влијае не само граѓанските авиони, но и војската. Во моментов таму дејствува терористичка група Исламска држава на Ирак и Левант.

Синајски полуостров

Во моментов ситуацијата во Египет горе-долу се стабилизираше. На територијата на земјата сепак продолжува да има места, над кои е препорачливо да не прелетуваат големи авиони. Едно од нив е Синајскиот полуостров.

Северниот дел на Етиопија

Северниот дел на земјата не е меѓу немирни територии на Африка, но и покрај тоа е препорачливо да биде избегнуван. Пробелмот е дека пред околу 25 година таму се распоредени главните настани од граѓанската војна. Конфликтот одамна заврши, но во моментов има големи организации кои реагираат остро на историските промени.



Сомалија

Како резултат на граѓанската војна, која започна во 90-тите години на 20 век, Сомалија се распадна на неколку фактички независни државни формации. Во некои од нив активно дејствуваат терористички групи.

Либија

Зоната без летови за воени авиони над Либија е воведена за време на граѓанската војна во 2011 година. Актуелниот на територијата на земјата вооружен конфилкт ја и принуди цивилната авијација да бара други патишта.

Јемен

Пејзажот на Јемен како целина е сличен на авганистанските, бидејќи тоа локалните власти тешко се справуваат со вооружените групи, кои војуваат не само со владата, туку и едни со други. Токму поради тоа авиокомпаниите преферираат да не летаат над Јемен. Или, пак, ако помине, тогаш тоа е на минимум 7 километри височина.

Тибет и Хималаите

Тибет не се смета за немирна територија, но авиолиниите над него и над Хималаите ретко прелетуваат. Тоа е поврзано со технички причини: зголемен е ризикот од паѓање во турбуленции поради локалниот релјеф. Така, за да не се помине низ Хималаите, авионите летаат над територијата на Индија.

Архипелагот Сенкаку, Источно кинеско море

Во 2013 година Кина еднострано воведе ограничување на летовите над спорните територии во Источно Кинеското Море во реонот на островите Сенкаку, кои де факто се контролираат од Јапонија. Во светското општество овој потег беше определен како легитимен и како повод за разгорување на конфликтот меѓу Кина, Јапонија и Тајван. Сепак сите авиокомпании беа советувани да се однесуваат со внимание на оваа зона, макар и да е мала.


Текстот е прочитан 1004 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter