Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 14:30

ГРАД СКОПЈЕ ГО ОБНОВУВА ЗЕЛЕНИЛОТО

Паркот Жена-борец првпат ќе добие прскалки

Зеленилото што досега се полевало рачно, со црева, ќе добие систем за наводнување со 135 прскалки и 1 000 метри систем капка по капка

Градските власти го уредуваат зеленилото во паркот Жена- борец, спроти Собранието на Република Македонија. Раскопани се сите тревници и во секој од нив се ископани канали за да се постави систем за наводнување.
"Станува збор за реконструкција на јавна зелена површина од околу 7 000 квадратни метри, на која ќе се изврши замена на стариот со нов тревник. За првпат во зеленилото ќе се постави систем за наводнување со 135 прскалки, 1 000 метри систем капка по капка, потоа главна водоводна мрежа од 850 метри и 35 хидранти за полевање на зеленилото. Досега зеленилото во паркот се полеваше рачно, со црева", рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој вчера изврши увид во уредувањето на паркот.
Со новиот систем за наводнување, од Градот очекуваат тревата постојано да биде зелена. Во паркот е заменета и старата и оштетена урбана опрема, уредени се патеките и монтирани се 55 светилки, кои ќе ги осветлуваат дрвјата. Градоначалникот Трајановски најави поставување и на 45 нови декоративни канделабри со висина од 4,4 метри.
"Во паркот ќе се изградат и три чешмички за пиење вода и се надевам дека по неговата реконструкција, ќе го направиме попријатно место за граѓаните", рече градоначалникот Трајановски.
Сегашното уредување на паркот го чини Градот околу 5 милиони денари, а работите ги изведуваат екипи од ЈП "Паркови и зеленило".


Текстот е прочитан 692 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter