Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 13:11

ПО НЕКОЛКУМЕСЕЧНИ ПОДГОТОВКИ

Планот за Острово усвоен, аеродромци на протести

Жителите се против планот оти сметаат дека дополнително ќе ја задуши Општината, а од Општината велат дека за негово донесување биле запазени сите законски процедури

Советот на Општина Аеродром со мнозинство гласови на ноќна седница во средата го донесе Деталниот урбанистички план за населбата Острово кој предвидува изградба на нови згради покрај Железничка и до Мајчин дом. Деталниот урбанистички план бил додаден на дневниот ред на седницата, па жителите на Аеродром обвинија дека тој се усвојува на шверцерски начин, а излегоа и на протест додека траеше седницата. Нивниот протест не ја смени одлуката на советниците, планот беше изгласан, а граѓанските здруженија најавија протест за стопирање на планот и во следните денови, оти не сакаат нови градби кои ќе ја задушат општината.
Овој план беше подготвен минатата година, но Општината го повлече заради доработка во моментот кога беше на јавна анкета со образложение дека планерите направиле пропуст за пристап до една од парцелите. Општинарите најавија дека сите забелешки од граѓаните ќе бидат разгледани и земени предвид, но граѓаните се пожалија дека на повеќето им стигнале известувања оти забелешките им се отфрлени.
Од Општината велат дека сегашните реакции и протести на граѓаните се неосновани и тврдат дека сите законски процедури за усвојување на планот се испочитувани. По завчерашните протести за планот, градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски својот став го кажа преку социјалните мрежи.



"Би сакал да ве информирам за да не подлегнувате на манипулациите и лажните вести, кои челниците од СДСМ од Аеродром ги пласираат во врска со донесување на деталните урбанистички планови. Секогаш при донесување на овие планови постапките се во согласност со законот и во транспарентна процедура. Конструкциите и лажните вести што тие ги шират се показател на нивната деструктивна политика што ја водат во нашата Општина. Приоритет на моето работење и на работата на Општина Аеродром е подигнување нови зелени површини, изградба на нови паркови и одржување на хигиената на високо ниво. Најдобар доказ за тоа е изградбата на повеќе од 10 нови паркови и садењето на повеќе од 50.000 нови садници само во последната година", напиша градоначалникот Коневски на Фејсбук.
Жителите на Аеродром за овој план, покрај тоа што се изјаснија дека се против нови градби, побараа Општината да направи студија за колкав процент новите објекти ќе го зголемат загадувањето на животната средина во Аеродром, општина која и без нив е најзагадена во Скопје. Здруженијата на граѓани "Сакаме Аеродром да дише" и "Го сакам Аеродром" веќе цела година укажуваат дека со овој план се уништуваат зелени површини, се сечат дрвја и се предвидуваат нови згради кои не $ требаат на Општината. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 4344 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter