Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.12.2016, 12:58

АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА ЈА ДОДЕЛИ НАЈПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА

"Андреја Дамјанов" за Радован Раѓеновиќ по 5 децении архитектура

Најпрестижната награда за архитектура кај нас "Андреа Дамјанов", Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) годинава му ја додели на архитектот Радован Раѓеновиќ. Мартин Гулески, претседател на комисијата од ААМ за доделување на наградата, рече дека проектите и реализациите на Раѓеновиќ, во изминативе пет децении, од областа на станбената архитектура, туризмот и угостителството, спортот, администрацијата, индустријата и културата, работени во проектантските бироа "Алумина"- Скопје, "Пелагонијапроект"- Скопје, "Мавровопроект"- Скопје, "Технометал"- Москва, "Римако"- Виена, Москва, Скопје, "Будимекс"- Лавов" и "Студио Р"- Скопје претставуваа сериозен влог во архитектонската практика на Македонија.

"Особен акцент заслужува неговата улога на раководител на претпријатието 'Мавровопроект' и несомнените заслуги за мобилизирање на квалитетни кадри проектанти, кои со своите реализации придонесуваа во развојот на архитектонската струка во Македонија и за нејзина афирмација и угледно позиционирање надвор од нејзините граници, во Советскиот Сојуз, Југославија, во Либија", рече Гулески, нагласувајќи дека Раѓеновиќ има бројни признанија и награди за деценискиот труд.
Претседателот на ААМ Мартин Пановски му заблагодари на Раѓеновиќ од името на сите млади архитекти за несебично пренесеното знаење.
"Раѓеновиќ е архитект во вистинската смисла на зборот. Тој креира архитектура, останал доследен на својата архитектура и го пренесува знаењето, а знае многу. Мене знаењето ми го пренел несебично, без его. Знае да го пренесе и она што го згрешил", рече претседателот Пановски.
Задоволен што петте децении работа ги крунисува со награда за животно дело, Раѓеновиќ, откако ја прими наградата, им порача на присутните колеги дека иднината е во младите архитекти кои, слично како и тој, работат во бурно време. Тој работел во транзиција, период во кој да се остане доследен во архитектурата, било еднакво тешко како и сега.
Слики од делата на наградениот архитект, во вторникот вечерта беа изложени во црквата "Св. Богородица". Можеа да се видат споменикот
"Партизански одреди" - Митрашинци, објектот на Спортска медицина Скопје, хотелот "Електро Скопје"- Маврово, Олимписки базен Скопје, патник на слободата Кочани, "Еуротел" Струга, хотелскиот комплекс Запољарје - Сочи, Русија, и редица други станбени и деловни објекти. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 750 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter