Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Култура

11.01.2017, 13:49

Објавени номинациите за британските Оскари

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Разиграниот џез-мјузикл во пастелни нијанси "Ла ла ленд", на голема врата влезе во сезоната на филмски награди со 11 номинации на Британските филмски награди, британскиот еквивалент на Оскарите.

Романсата со Рајан Гослинг и Ема Стоун доби номинации, меѓу другите, за најдобар филм, режисер, актер и актерка во главна улога, кои се сметаат за индикатор за успех на доделувањето на Оскарите следниот месец.
Номинациите само се надоврзуваат на одличниот почеток на сезоната викендов, кога филмот освои седум Златни глобуси.
Философскиот научнофантастичен филм "Пристигнување" и психолошкиот трилер "Ноќни животни" добија по девет номинации за БАФТА.
Номинациите беа соопштени во седиштето на Британската филмска академија во Лондон, на свеченост која ја водеа Доминик Купер и Софи Тарнер.
Во трка за најдобар филм се "Ла ла ленд", "Пристигнување", социјалната драма "Јас, Даниел Блејк", приказната за созревањето "Месечева светлина" и емотивната драма "Манчестер покрај море".



Номинирани за најдобар актер во главна улога се Ендру Гарфилд во "Гребенот на спасените", Кејси Афлек во "Манчестер покрај море", Џејк Гиленхал во "Ноќни животни", Гослинг во "Ла ла ленд" и Виго Мортенсен во "Капетан Фантастик".
За наградата најдобра актерка во главна улога ќе се натпреваруваат Ејми Адамс во "Пристигнување", Емили Блант во "Девојката во возот", Стоун во "Ла ла ленд", Мерил Стрип во "Флоренс Фостер Џенкинс" и Натали Портман во "Џеки".
Меѓу номинираните за најдобра споредна улога се Никол Кидман и Дејв Пател во "Лав", Џеф Бриџис во "По секоја цена", Хју Грант во "Флоренс Фостер Џенкинс" и Вајола Дејвис во "Огради".
Номинации за најдобра режија добија Денис Виленев за "Пристигнување", Кен Лоуч за "Јас, Даниел Блејк", Демијан Шазел за "Ла ла ленд", Кенет Лонерган за "Манчестер покрај море" и Том Форд за "Ноќни животни".
Добитниците ќе бидат прогласени на свеченото доделување во Ројал Алберт хол на 12 февруари, две недели пред Оскарите.


Текстот е прочитан 1210 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter