Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.12.2016, 13:09

ГЛАМУР

Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година

САД - Скарлет Јохансон е прогласена за актерка со најголема заработка во 2016 година, благодарение на своите улоги во суперхеројскиот филм "Капетан Америка: Граѓанска војна" и во холивудската сатира "Аве, Цезар".

Списанието "Форбс" објави дека Јохансон ги надминала колегите од "Капетан Америка", Крис Еванс и Роберт Дауни Џуниор, со заработката на киноблагајните од својот втор филм во 2016 - "Аве, Цезар". Филмовите на Јохансон заработија 1,2 милијарди долари на киноблагајните ширум светот годинава.
Австралиската актерка Марго Роби, која имаше успешна деби-година, се пласираше на четвртото место со 1,1 милијарда долари благодарение на улогите во "Одредот на отпишаните" и во "Легендата за Тарзан" на "Ворнер брос". На листата на "Форбс" доминираат филмови за суперхерои и филмови снимани според стрипови, како "Бетмен против Супермен: Зора на правдата" и "Дедпул". Британката Фелисити Џонс за прв пат влезе на листата со улогите во "Роуг 1: Приказна од војна на ѕвездите", во трилерот "Инферно" и во магичната приказна за деца "Чудовиштето се јави". Џонс е на деветтото место, со заработка од 805 милиони долари.
"Форбс" ги прави пресметките според глобалната продажба на билети за филмовите на најголемите холивудски актери, но не ги зеде предвид анимираните филмови како "Барајќи ја Дори" на "Дизни", кој имаше втора најголема заработка на киноблагајните годинава од 1,02 милијарди долари.


Текстот е прочитан 4713 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter