Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.12.2016, 13:30

СОРАБОТКА НА ИНСПЕКЦИЈАТА ОД ЦЕНТАР СО ДРЖАВНИОТ ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОРАТ

Запечатено градилиштето на дивоградба на "Самоилова"

Неколкупати на објектот инспекторите оставале покана инвеститорот да дојде во Општина Центар, но никој не се одзвал

Објектот на аголот на улиците "Самоилова" и булеварот "Никола Карев" не смее да продолжи да се гради. Инспекцијата на Општина Центар го запечати градилиштето, оти инспекторите утврдиле дека објектот е дивоградба.
"Општина Центар спречи да никне дивоградба. Овластен градежен инспектор го затвори градилиштето, со што се стопира градбата.
Претходно, кога објектот беше во фаза на ископ, инспекторот донесе решение за враќање во првобитна состојба. Решението никој не го примил, а инвеститорот, кој е непознат, продолжил со градбата, иако нема соодветно одобрение. Овластениот градежен инспектор на Општина Центар беше на терен со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, при што е констатирано дека се работи за дивоградба", велат од Центар.



Неколкупати на објектот инспекторите оставале покана инвеститорот да дојде во Општина Центар, но никој не се одзвал.
Од Центар велат дека, по запечатувањето на градилиштето, инвеститорот мора да престане со сите градежни активности и да ја отстрани градбата.
Доколку и тоа не го испочитува, според ингеренциите, општинската инспекција може да го направи тоа, а трошоците да ги плати инвеститорот.
Градилиштето е оградено со висока заштитна ограда, зад која има објект кој веќе излегува од темели. (М.И.П.)


Затворени и дивоградбите на локалите "Ла Лара" и "Гастротека"

Градежната инспекција на Општина Центар вчера ги затвори и дивоградбите на локалите "Ла Лара" и на дел од "Гастротека". Тие не постапиле по претходно донесено решение за отстранување на дивоградбите.
Од Центар најавуваат дека и натаму внимателно ќе ја следат состојбата на теренот и нема да дозволат дивоградби на територија на Општината.


Текстот е прочитан 1498 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter