Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.06.2016, 21:50

На есен стигнува темпераментното "твинго ГТ"

После "тизер" фотографијата, "Рено" и официјално го претстави спортскиот "твинго ГТ".

Развиен во "Рено спорт" одделението, "твинго ГТ" е опремено со познатиот, сместен позади, 0,9-литарски трицилиндричен агрегат кој во однос на стандардните 90 е засилен на 110 КС, додека максималниот вртежен момент порасна од 135 на 170 Нм.
Инженерите го унапредија и мануелниот преносен систем, па оваа мало "брмчало" доби дополнителни спортски карактеристики во возењето.
За жал, "Рено" не објави податоци за перформансите на автомобилот, но потсетуваме дека стандарниот 0,9 ТЦе со 90 КС дозволува "твинго" о 0 до 100 км/ч да стигне за 10,8 секунди и да развие 165 км/ч.
"Твинго ГТ" е поставен на 17 инчни алуминиумски фелни, а "Рено" соопшти дека ја подобрил амортизацијата и ЕСП системот за подобро да се однесува на патот низ остро и спортско возење. Надворешноста е поагресивна благодарение на нископрофилните гуми и дискретните странични отвори за воздух, додека задниот браник е дизајниран во облик на дифузер. За екстериерот е избрана специјалната "пигмент оранж" боја. "Твинго ГТ" ќе се појави за првпат на крајот од јуни во Велика Британија, а продажбата ќе почне оваа есен.


Текстот е прочитан 1646 пати.
#
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!
"Опел" со "мока икс" ќе привлекува млади купувачи
Твинго ГТ, доказ дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања
Киа со освежен соул доаѓа во Европа

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter