Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.07.2016, 13:01

„Волво“ до 2021 година на пазарот ќе излезе со автомобил без потреба од возач

Компанијата „Волво“ планира во рок од пет години да произведе автомобили што ќе можат да возат по автопат без помош од возачи.

Во раната фаза на проектот, веќе од 2017 година шведскиот производител на патиштата во околината на Гетеборг, Лондон, или во Кина, ќе почнат тестирања во кои во секоја од земјите ќе учествуваат по сто прототипа на возила со авто-пилот. За разлика од некои други компании кои развиваат слични системи, автомобилите на „Волво“ нема да ги возат инжењерите и вработените, туку обични луѓе, сопственици на автомобилот на оваа марка.
Како што пишува „Autonews“, „Волво“ се уште е во потрага по партнер што ќе му помогне да ја достигне целта во рок од пет години.
-  Нашата амбиција е до 2021 година да имаме возило што ќе може целосно автоматски да сообраќа по автопатиштата, изјави првиот човек на „Волво“, Хокан Самуелс, и објасни дека за такво нешто им е потребен партнер затоа што „автокомпанијата не е во состојба самостојно да ја развива технологијата на авто-пилот“.
Со оглед на тоа дека „Волво“ има репутација на производител на исклучително безбедни автомобили, се очекува компанијата при имплементацијата на оваа технологија да ги избегне потенцијалните ризици и дека нема ништо да препушти на случајот.


Текстот е прочитан 3781 пати.
#
Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter