Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.02.2017, 13:47

СОРАБОТКА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР СО АМБАСАДА НА САД

Американското катче оди во катната гаража кај судовите

Американското катче сосе библиотеката ќе се всели во катната гаража "Судска палата". Одлука да им се отстапат простории на Американците на последната седница изгласа Советот на Општина Центар, а градоначалникот Андреј Жерновски даде образложение.

"Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Македонија побара соработка со Општина Центар за наоѓање простории во кои би се сместила нивната библиотека. Таа сега е сместена во НУБ 'Св. Климент Охридски' , но им истекувале роковите за престојот таму, па затоа побараа од нас да им понудиме нова локација. Им понудивме неколку локации, а тие како најповолни ги одбраа деловните простории во катната гаража 'Судска палата' ", рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Американското катче во Скопје официјално е отворено во јануари 2005 година. Катчето е партнерство помеѓу Секторот за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје, Градската библиотека "Браќа Миладиновци" во Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.
Американското катче нуди многу книги и списанија, а овозможува и Интернет пристап за истражувачки цели. Исто така, организира разни програми: предавања, филмски и ДВД-проекции, работилници, дискусии, часови за разговор на англиски јазик. На полето на образованието, нуди советувања за млади заинтересирани да учат и студираат во САД, а истовремено служи и како алумни центар каде граѓаните на Република Македонија кои биле во САД преку програма за размена имаат можност да се среќаваат и да одржуваат контакт со нивните пријатели во САД.


Текстот е прочитан 1396 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter