Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Македонија

20.04.2017, 14:44

Кинеска донација на ИКТ опрема во образованието

Премиерот Емил Димитриев и амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија Јин Лисјен денеска во Скопје ја означија и официјално реализацијата на донацијата во вредност од седум милиони евра за модернизација и осовременување на македонскиот образовен систем.

Донацијата која се реализира преку телекомуникацискиот гигант Хуавеј е инсталирана во 27 училишта во Скопје, а дел и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Премиерот Емил Димитриев истакна дека станува збор за капитален образовен проект кој е плод на успешната соработка и долгогодишниот партнерски однос помеѓу Владата на НР Кина и Владата на РМ.

- Проектот кој денеска го означуваме претставува чекор напред во напорите и заложбите на Владата на РМ за континуирана модернизација на условите за образование на нашите ученици особено преку примена на современа информатичка технологија каква што се применува и во најконкурентните образовни системи во светот. Таквите наши заложби се во рамките на нашата стратегија за создавање квалитетни генерации и ученици кои ќе поседуваат одлични информатичко-комуникациски вештини кои би им помогнале во обезбедување работен ангажман кој ќе генерира високи лично приходи и нивна стабилна иднина, истакна Димитриев.

Меѓу досега спроведените бројни проекти кои ги следат глобалните трендови во областа на информатиката и технологијата и нивното интегрирање во образовните процеси, тој ги издвои набавката на компјутери за ученици во земјата, воведувањето предмети поврзани со работа на компјутер и основи на програмирање во основното образование, како и редовното набавување на интерактивни табли за училиштата.

Опремата која што денеска се официјализира, додаде премиерот Димитриев, содржи модерни информатичко-комуникациски уреди klaud data centar, систем за е-учење, персонални компјутери, лап-топи, интерактивни табли, принтери, уреди за мрежно поврзување и друга опрема со која училиштата во градот Скопје добија свои мултифункционални-смарт училници.

- Опремата ќе биде од голема корист за непречена реализација на работата на наставниците во училиштата, но и за нивна професионална надградба. Имено, во просториите на Бирото за развој на образованието како дел од донацијата е инсталирана видео-конференциска опрема која ќе се користи исклучиво за одржување обуки на наставници, рече премиерот Димитриев, порачувајќи правилно да се користи опремата со цел нејзино користење од повеќе генерации и воедно заблагодарувајќи се на фирмата Хуавеј и Владата на НР Кина за помош во реформирање бројни општествени области, како и образованието.

Кинеската амбасадорка Лисјен истакна дека се надева оти проектот кој треба да биде завршен во септември годинава ќе биде од посебна корист за учениците, но и за наставниците.

- Се надевам дека имплементацијата на овој проект ќе биде солидна основа за натамошно унапредување на соработката меѓу Македонија и Кина во областа на образованието, рече Лисјен.

Со реализацијата на проектот мрежно се поврзани 27 училишта во Скопје со што ќе се оптимизира алокацијата на образовните ресурси и ќе го подобри квалитетот на наставата. Дата центарот ќе располага со база од видео снимки на предавања и ќе го дигитализира менаџментот на досиејата на студентите.


Текстот е прочитан 605 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter