Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.12.2016, 11:33

ОД ПРВИ ЈАНУАРИ, СОГЛАСНО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

"Водовод" прво ќе извести, па ќе блокира сметки поради долгови

Од "Водовод и канализација" ги повикаа граѓаните што имаат долг за месеците од април до ноември 2016 година да платат или да склучат договор за плаќање на рати, оти во јануари е планирано законско утужување

Јавното претпријатие "Водовод и канализација", на граѓаните што имаат долг за користење на нивните услуги, од први јануари, со воведување на вонсудската наплата, им дава можност да го платат долгот без да се изложуваат на судски, нотарски или на извршителски трошоци. Ваквата можност е во согласност со измените во Законот за извршување, кои стапуваат во сила од јануари 2017 година.
"Им се овозможува на граѓаните, на корисниците на нашите услуги, пред почетокот на каква било нотарска и извршителска постапка, да го регулираат својот долг и притоа да ги избегнат дополнителните трошоци, кои често може да изнесуваат и повеќе од 2/3 од главниот долг", велат од "Водовод".



Од претпријатието ги повикуваат граѓаните што имаат неплатени сметки за месеците од април до ноември 2016 година, да го платат долгот или да дојдат во претпријатието да склучат договор за плаќање на рати оти, поради обврските со измените на Законот за извршување, во јануари е планирано законско утужување.
"Водовод" сè уште е сместен во зградата на "Технометал Вардар" на улица "Македонија". Оваа локација во 2011 беше одбрана како привремено решение, додека се гради новата управна зграда на местото на поранешните бараки под Кале. Претпријатието остана под кирија, и покрај најавите дека од септември ќе се пресели во новите простории. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 932 пати.
#
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Скопје се чисти од новиот снег
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки
Голем дефект на мрежата, повеќе делови од Скопје без парно
Две нови возила за отпад во Илинден

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter