Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 20:10

ВМРО-ДПМНЕ: Последиците од Тиранската платформа се несогледливи за Македонија

Последиците по однос на државата од реализирање на Тиранската платформа ќе бидат несогледливи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно да поддржи малцинска влада на СДСМ и да гласа се од нивната програма, само за да се откажат од Тиранската платформа, повторно порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

- Целта за растурање на Македонија не е нова, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори од надвор во Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од криминален прогон. Доколку сепак е спремен на се, само да ја реализира платформата од Тирана, нека излезе со неа како своја изборна програма на избори пред граѓаните за народот да му каже што мисли, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конференција.

Тој нагласи дека Заев одработува туѓи агенди на штета на Македонија соочен со своите и криминалите на своите соработници.

- Волјата на мнозинството Македонци не смее да биде игнорирана. Тие гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Нивниот глас не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност, потенцира Данев.

Нагласи дека Заев е „заглавен до гуша во криминал“, фатен како бара пари во случајот „Поткуп“, фатен во случајот „Пуч“, замешан во криминалот со „Цареви кули“ и замешан со сериозни изборни криминали со цел лажирање на изборите.

- Заев е свесен за последиците и затоа прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање Влада по нотите од Тирана. Затоа замижува и го одобрува однесувањето на Зијадин Села кој бара менување на знамето и химната, го негира постоењето на македонскиот народ и најавува бркање од работа на Македонците, посочи Данев.


Текстот е прочитан 703 пати.
#
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
На нозе и Македонците во Швајцарија
Собранието ја продолжува конститутивната седница
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој
Ќе го зачуваме ли јазикот?
ОДРЖАН ПРВИОТ ПРОЛЕТЕН ПРЕДИЗВИК НА СТЕМ АКАДЕМИЈА: НАТПРЕВАР ВО РОБОТИКА
ВМРО-ДПМНЕ го слуша народот, СДСМ ја следи Тирана
Груевcки: За ВМРО-ДПМНЕ се важни граѓаните
Собранието утре ќе ја продолжи конститутивната седница

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter