Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Македонија

19.12.2016, 18:57

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

УЈП доби право за присилна наплата на придонеси за работниците

Управата за јавни приходи доби нова надлежност.

Доколку работодавачот не поднесе пресметка за плата за вработените, УЈП доби можност да спроведува присилна наплата на придонеси и службено да ја утврдува обврската за уплата. Од УЈП велат дека без поднесена пресметка од работодавачот, тие до сега немаа можност да спроведат присилна наплата на бруто-платата на вработениот.
"Со спроведување блокада и симнување на парични средства од трансакциска сметка на работодавачот по основ на утврдување на придонесите по службена должност од УЈП, во корист на работодавачот ќе биде да поднесе реална пресметка на придонесите, по која наплатените средства ќе се распределат во социјалните фондови на име на вработениот - осигуреник. Со донесувањето на овие законски измени ги заштитуваме работниците и, пред сè, нивните работнички права, кога тие се доведуваат до непочитување од компанијата или од други правни лица кои ги ставаат своите интереси пред интересите на работниците", велат од Управата за јавни приходи.



Работодавачите имаат обврска до УЈП да достават пресметка за плата најдоцна до 10-ти за претходниот месец, а плата да исплатат до 15-ти. Од Управата велат дека привремените корекции на пресметките на бруто-плата УЈП ќе почне да ги врши за неподнесените МПИН за ноември а крајниот рок за поднесување на барањата беше 10 декември оваа година.
Исто така, утврдување на придонесите по службена должност УЈП ќе врши доколку во постапка на надворешна контрола или друга даночна постапка се утврдени извршени исплати или примања кои не се внесени во месечната пресметка на работодавачот и на кои не се пресметани и уплатени придонеси. (Р.Ф.)


Текстот е прочитан 1583 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter