Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.02.2017, 13:01

ПО 1,5 ГОДИНА ПРЕСТОЈ ВО СКОПСКА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Пцовиса Аби, братчето Кан остана само

Во замена за два белоглави орли, во летото 2015 година Скопската зоолошка градина ги доби тогаш петгодишниот Аби и седумгодишниот Кан.

Во Зоолошка градина вчераутро пцовисал еден од двата морски лава, дојдени од Загрепската зоолошка. Морскиот лав Аби е однесен на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина.
"Не знаеме дали причините за пцовисувањето на морскиот лав се последица на ниските температури и временските услови. Морскиот лав пцовиса околу шест часот утрото и веднаш беше однесен на Факултетот за ветеринарна медицина. Вообичаено, резултатите од обдукцијата ги добиваме во рок од 48 часа. Ќе го чекаме официјалниот извештај, кој треба да ги посочи причините", вели Дане Кузмановски, портпарол на Скопската зоолошка градина.



Во замена за два белоглави орли, во летото 2015 година Скопската зоолошка градина ги доби тогаш петгодишниот Аби и седумгодишниот Кан. Заедно со морските лавови, кои беа браќа, од Загрепската зоолошка допатува и нивниот негувател, кој остана неколку дена со нив во нашата зоолошка. Кога си замина, Аби и Кан тагуваа по него. Тогаш од Зоолошката објаснија дека морските лавови важат за интелигентни и емотивни животни, и очекувано било да тагуваат. Тие беа главна атракција во Зоолошката. Посебно внимание кај посетителите предизвикуваше нивното хранење, оти Аби и Кан, во знак на благодарност, излегуваа од водата и ги бакнуваа негувателите.
Неофицијално, едниот морски лав веќе подолго време бил болен. Тој е второ животно што пцовисува за еден месец во Зоолошката градина. Минатиот месец, Здружението за заштита на животни "Анима мунди" јави дека пцовисал мајмун, а Зоолошката потврди дека мајмунот пцовисал на операција која морале да му ја направат откако се повредил во тепачка со друг мајмун.
(М.И.П.)


Текстот е прочитан 2268 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter