Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 09:16

ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕНА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРЕДВИДЕНАТА ИЗГРАДБА ВО КАРПОШ

И монтажните паркиралишта ја чекаат новата влада

Со новите паркиралишта што треба да се градат кај Млечен и во Влае, со капацитет за 120 возила, треба да се олесни проблемот со паркирањето што го имаат граѓаните што живеат во околината

Објавата на тендер за изградба на два монтажни паркинга, едниот во близина на Млечен ресторан, а другиот во Влае, е одложена до изборот на новата влада. Од Општина Карпош велат дека поради актуелната политичка ситуација во земјава, општинските служби се оневозможени да ја продолжат стандардната процедура за реализација на проектот. Според законските одредби, Општината не може да распише тендер додека не се формира новата влада, односно додека предвремените парламентарни избори не бидат официјално прогласени за завршени.
Во програмата на Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи при Општина Карпош за 2017 година, се предвидени и точните локации на кои ќе се изградат двата паркинга. Едниот ќе се наоѓа на улицата "Анкарска" кај Млечен ресторан, а другиот на улицата "Есперанто", зад Порта Влае. Капацитетот на секој од овие паркинзи би требало да биде околу 60 возила, односно со нивната изградба ќе се добијат вкупно 120 паркинг-места.



"Техничката документација е подготвена, по која треба да следува ревизија, по што на транспарентен начин, како и досега, ќе се објави тендер со сите спецификации - избор на фирма-изведувач и паричен износ на целата инвестиција", информираат од Карпош.
На двете локации каде што се планираат монтажни паркиралишта, има сериозен проблем со недостиг на паркинг-места. Уличките и надземните паркиралишта кај Млечен се преполни со возила, па тамошните жители и вработените во фирмите едвај наоѓаат слободно паркинг-место. Тешко е дури да се разминат две возила по уличките поради оние паркираните отстрана. Слична е сликата и на улицата "Есперанто" во Влае, каде што возилата се паркирани на секое можно празно место. (Ан.С.)


Текстот е прочитан 1123 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter