Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.12.2015, 13:39

Почна акцијата за садење пет илјади дрвца во Скопје

Во рамки на есенската акција за садење пет илјади дрвца во главниот град, вчера, во вториот дел на паркот Македонија беа засадени 360 листопадни дрвца.

"Пет илјади садници оваа есен ќе бидат засадени во сите општини, во дрворедите на булеварите, во парковите и во блоковското зеленило", рече градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Дополнително, на заинтересираните урбани и месни заедници и куќни совети, Град Скопје им подели околу 4.000 садници, во две акции - пролетна и есенска.



"Во текот на 2015 година, на јавните зелени површини екипи на Град Скопје, вклучувајќи ја и оваа акција, имаат засадено над 9.500 садници. Поголем број од новозасадените садници, односно 7.500 се од домашно производство, од расадниците на ЈП 'Паркови и зеленило', и еден помал процент, односно 2.500 садници кои се увезени", рече Трајановски.
Во акцијата се вклучија градоначалниците на Град Скопје и на Карпош Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, советници од Советот на Град Скопје, директори на јавни претпријатија и ученици од средните училишта.


Текстот е прочитан 1556 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter