Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 12:56

СПОРЕД НАОДИТЕ ОД ОБДУКЦИЈАТА НА ПЦОВИСАНИОТ МОРСКИОТ ЛАВ

Аби голтнал камен фрлен од посетител

Зоолошката е во преговори да најде друштво за морскиот лав Кан, братчето на Аби, кој остана сам

Морскиот лав Аби пцовисал оти голтнал камен кој му ги затворил желудникот и хранопроводот. Патолозите од Факултетот за ветеринарна медицина, при обдукцијата го пронашле каменот заглавен во желудникот. Дане Кузмановски, портпарол на Зоолошката градина, посочи дека вината за пцовисаниот морски лав е на посетителите.
"Посетител го фрлил каменот, мислејќи дека е храна, морскиот лав го голтнал, а тоа му го блокирало хранопроводот. Негувателите не им даваат камења на животните", рече Кузмановски.
Јована Стефановска, ветеринарен лекар и професор на Ветеринарниот факултет, објасни дека обдукцијата на Аби патолозите ја правеле на самото место, оти морските лавови се големи животни и транспортот за нив е комплициран.
"При обдукцијата, на крајот од желудникот откриено е туѓо тело, кое комплетно ги затворило хранопроводот и желудникот. Големата количина заглавена храна била причина за намалениот апетит на животното. Негувателите ни јавија за намалениот апетит кај морскиот лав, но тоа не беше алармантно, посебно поради тоа што тој претходно имаше проблеми со забот. Никој не можеше да претпостави дека животното има заглавен камен во желудникот. Со камен од олкав обем, ниту една интервенција не можела да го спаси животното", рече Стефановска.



Примероци од телото на пцовисаното животно веднаш биле дадени на анализа, која покажала дека Аби немал болест ниту, пак, бактерии или паразити. Морскиот лав пцовиса на 8 февруари, но Зоолошката ги чекала резултатите од сите анализи за да ја соопшти причината.
Портпаролот Кузмановски вели дека Зоолошката е во интензивни преговори за да му најде друштво на братчето на Аби морскиот лав Кан, кој остана сам во живеалиштето.
"Веднаш ги известивме Зоолошката од Загреб, од каде што во размена го добивме морскиот лав, и Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА), за да можеме што побргу да донесеме друштво на морскиот лав што остана во Зоолошката. Апелирам до посетителите да не ги хранат животните и да не фрлаат предмети во живеалиштата. Ми беше срам кога видовме федер заглавен во забот на морскиот лав. И федерот некој го фрлил во базенот", рече Кузмановски.
Аби не е прв морски лав што пцовиса во Скопската зоолошка како последица на несовесност на посетителите. Првиот пцовиса откако голтна најлонска кеса полна со камења и со костени во октомври 2006 година. (М.И.П.)


Кан тагува по Аби

Кан, братчето на пцовисаниот морски лав, тагува. Негувателите велат дека не е весел како порано.
"Секое влегување во вода, Кан се исправува и чека дали од некаде ќе се појави Аби. Не е навикнат сам да плива во базенот. Не се знае кој повеќе тагува, дали јас, дали Кан. Тој како да ги чувствува моите солзи, доаѓа и заедно плачеме", вели негувателката Марија, која за Аби и за Кан се грижи откако се во Скопската зоолошка градина.
Во замена за два белоглави орли, во летото 2015 година скопската Зоолошка градина ги доби тогаш петгодишниот Аби и седумгодишниот Кан.


За седум години пцовисле 10 животни, а се родиле 121


Во последните седум години, откако е обновена Зоолошката градина, пцовисале вкупно 10 животни. Меѓу нив се морскиот лав, жирафата Орка, лавицата, црниот леопард Живко, но во ниту еден случај не е утврдена вина на вработените. Во истиот период се родиле 121 животно во Зоолошката која сега брои вкупно 420.


Текстот е прочитан 2108 пати.
#
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"
И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември
Пролет значи нова ера
Стопирана изградбата на улицата на кејот
Паркот Жена-борец првпат ќе добие прскалки
Со зеленило против загадувањето
Катадиоптри за подобра видливост во Ѓорче Петров
Пролетна акција на јавните претпријатија во Ѓорче

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter