Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 13:47

ПРЕЗЕНТИРАНА УЧИЛИШНАТА СООБРАЌАЈНА ЕДИНИЦА НА СУГС "БОРО ПЕТРУШЕВСКИ"

Ученици и полицајци ќе нè учат на безбедност во сообраќајот

Учениците ќе бидат препознатливо облечени во портокалови елеци на кои е напишано името "Училишна сообраќајна единица" и бејзбол капчиња со кратенката УСЕ

Средното школо "Боро Петрушевски" вчера ја презентираше сообраќајната единица формирана од ученици од втора, трета и од четврта година. Единицата брои 20 ученици, а формирана е во рамките на проектот на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје.
"Членовите на училишната сообраќајна единица во наредниот период ќе работат на терен заедно со претставниците од Министерството за внатрешни работи, каде што ќе работат на подигање на јавната свест и свеста за одговорноста на сите учесници во сообраќајот и ќе ги предупредуваат и едуцираат сите учесници во сообраќајот коишто ги прекршуваат сообраќајните правила. Членовите поминаа теоретска и практична обука, којашто е реализирана во 36 наставни часови, на која тие беа едуцирани за повеќе области од сферата на сообраќајот, како што се сообраќајните знаци и ознаки на коловозот, правилата на сообраќајот на патиштата, возачките исправи, регистрација на возилата, хуманите односи меѓу учесниците во сообраќајот и слично. По обуката, сите членови на оваа единица добија соодветни сертификати", рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој заедно со директорката на школото Соња Ристовска и претставници од МВР и од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот вчера присуствуваше на презентацијата на единицата во паркот Жена борец.
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Стојче Стаменковски, изјави дека со формирањето на оваа единица значително ќе се придонесе за зголемување на свеста на граѓаните за опасностите кои може да настанат со несоодветно движење и непочитување на правилата, а со тоа и на општата безбедност во сообраќајот.
Членовите на училишната сообраќајна единица, согласно со Правилникот за организација, обука и начин на работа на училишните сообраќајни единици, ќе бидат препознатливо облечени во портокалови елеци на кои е напишано името "Училишна сообраќајна единица" и бејзбол капчиња со кратенката УСЕ. Покрај облеката, ќе бидат опремени и со сите потребни реквизити за регулирање на сообраќајот.


Текстот е прочитан 700 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter