Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Македонија

10.01.2017, 14:18

ВМРО-ДПМНЕ: Како фирмата Си Ен Џи Системс ги добива тендерите за гас во општина Струмица

ВМРО-ДПМНЕ прашува како фирма со само еден вработен, без никакви средства и без никаков имот редовно ги добива тендерите за гас во општина Струмица и колку пари инкасирала фирмата на Митко Андреевски во изминативе три години.

- Најважно од се е дали фирмата Си Ен Џи Системс ги исполнува сите услови кои ги побарува ЈП Струмица гас за да го добие тендерот за набавка на гас во општина Струмица, рече Христијан Делев на денешната партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.??

Тој праша дали Митко Андреевски бил еден од најблиските советници на Бучковски кој бил инволвиран во партискиот скандал кога вртел по емисии и го манипулирал јавното мислење преку службен телефон од Министерството за одбрана.

- Граѓаните на Република Македонија очекуваат надлежните институции сериозно да ги истражат тендерите за набавка на гас во општина Струмица и да одговорат дали Митко Андреевски, актуелен претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ е основач на фирмата Си Ен Џи Системс која редовно ги добива тендерите во Струмица, рече Делев.

Неопходен е одговор, подвлече, и дали ??фирмата не поседува никаков имот, ниту средства за извршување на дејноста која ја врши, дали има само еден вработен и дали е регистрирана на адресата „Атанас Раздолов“ бр. 14 во скопската населба Драчево, во семејна куќа на родителите на неговата сопруга.

?- Граѓаните мора да знаат како и во чии џебови завршуваат нивните пари. Времето на „бонбона бизниси“ заврши. Доста е со криминал, потенцира Делев.


Текстот е прочитан 359 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter