Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.01.2017, 12:43

ТРАДИЦИОНАЛНА ПРОСЛАВА ВО ДЕБАР МААЛО

Дебармаалци со оро ја почнаа новата година

Дебармаалци, традиционално, се собраа во кафеаната "Идадија", каде што кршеа лепче, а потоа заиграа оро низ новата Боемска улица

Првиот ден во новата година дебармаалци, традиционално, го одбележаа со Дебармаалските средби. Тие, традиционално, се собраа во кафеаната "Идадија", каде што кршеа лепче, а потоа заиграа оро низ новата Боемска улица.
Нов кум годинава е Драгче Трпковски, кој им посака здравје, среќа и успех на дебармаалци и им се заблагодари што токму него годинава му го предале чинот да биде нов кум.
"Ми претставува особена чест што токму мене Дебармаалскиот одбор ми даде таква чест да бидам кум", изјави новиот кум Драгче Трпковски.
Стариот кум Дејан Трпковски, пак, истакна дека минатата година му била успешна и исто таква му посака и на новиот кум, порачувајќи дека традицијата мора да продолжи.



"Му посакувам на Драгче-Дац оваа година да му биде двојно, тројно, четирикратно, десеткратно поуспешна. Следнава година ќе се формира здружение на граѓани за прослава на Дебар Маало, во кое ќе бидат вклучени сите стари кумови", изјави стариот кум Дејан Трпковски.
Пречекот на дебармаалската Нова година е стара традиција, која трае повеќе од 90 години. Првата ваква средба била организирана во 1928 година.


Текстот е прочитан 505 пати.
#
Во Кисела Вода реализирани 80 отсто од проектите
Сендвичи за луѓето на улица
И монтажните паркиралишта ја чекаат новата влада
ЈСП се враќа на 9-ка и 19-ка
Аби голтнал камен фрлен од посетител
Центар ќе ја урива дивоградбата на "Самоилова"
Со високи казни ќе се спречува паркирање на "Боемска 2"
Годинава подземни контејнери на 12 нови локации низ Скопје
"Паркови" привремено ќе пресели 14 дрвја од "Народен фронт"
Пцовиса Аби, братчето Кан остана само

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter