Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Македонија

20.04.2017, 15:21

ГАЛАКСИ С8 И ГАЛАКСИ С8+ - Екран без рамки за бескрајно уживање

Од 28 април во Македонија почнува продажбата на најнови паметни телефони на Самсунг Електроникс - Галакси С8 и Галакси С8+.


Фото: Б. Грданоски

Новите уреди се карактеризираат со бескраен екран и компактен дизајн без рамки кој придонесува за уште полесно користење на телефонот со една рака. Премиум камерата на предната страна од 8 мегапиксели има автоматско зумирање. Со дополнителната заштита од матни фотографии и напредните можности за обработка на слики, корисниците ќе можат да креираат фотографии со врвен квалитет и во услови на слаба осветленост.
Поголема брзина и ефикасност на новите модели обезбедува 10 нанометарскиот чип - прв во оваа индустрија.
Најновите телефони од Галакси С семејството вклучуваат сензор за отпечаток од прст, скенер на ирисот на окото и можност за препознавање на лице. Уредите се отпорни на вода и прашина, имаат микроСД поддршка до 256ГБ и брзо безжично полнење.
Иинтегрираниот интерфејс Бигзби овозможува персонализирана помош за секој корисник, на база на континуирано следење на интересите на корисникот, локациите и ситуациите во кои се наоѓа. Бигзби се интегрира со вградените апликации на Самсунг како: камера, контакти, галерија, пораки и прилагодување. Уредите можат да се трансформираат од паметни телефони во десктоп уреди со посебен додаток.
Новата серија доаѓа во три бои: полноќно црна, орхидеја сива и арктички сребрена, а препорачаната малопродажна цена, со вклучен ДДВ, изнесува 49.499 денари за Галакси С8, односно 55.999 денари за Галакси С8+.


Текстот е прочитан 1186 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter