Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.10.2016, 14:22

Твинго ГТ, доказ дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања

Вкупно 110 KS извлечени од 0,9-литарскиот трицилиндричен бензински мотор со турбополнач звучи многу, посебно кога ќе се земе предвид дека малиот Twingo GT е полесен од 1.000 килограми.

Твинговиот 0,9 литарски TCe мотор е сместен назад и неговата сила се пренесува на задните тркала преку мануелен менувач кој специјално е подесен за овој модел. Малиот мотор испорачува 110 KS и 170 Nm обртен момент, поради што градскиот GT е многу интересен за возење и уживање без големи трошоци.
Рено наскоро треба да ги открие сите детали за перформансите, но вети најдобар мотор во класата и забрзување од 0 до 100 км на час за помалку од 10 секунди. Познато е дека за забрзување од 80 до 120 км на час, потребни се помалку од 9 секунди, а максималната брзина веројатно изнесува 165 км на час.



Освен силниот мотор, Твинго ГТ изгледа поагресивно и е обоен во нова портокалова боја ексклузивно за овој модел, кој е достапен и во црна, бела и сива боја.
Дел од Твинго ГТ пакетот се и 17-инчните наплатки од легура, а инжинерите на Рено го рекалибрираа ESP и го подесија овесот и воланот за автомобилот да биде по подвижен и по агилен.
Во внатрешноста има спортски волан, алуминиумски папучи, метална рачка на менувачот, како и рено Спорт ознаки на праговите.
Цената на ГТ верзијата се уште не се знае. Во текот на зимата во продажба ќе се најде сестринскиот модел Smart ForFour, кој го тунираше Brabus.


Текстот е прочитан 3229 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter