Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.12.2016, 14:02

ЦЕЛОСНО СТАРТУВА ЕДИНСТВЕНИОТ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА

Од недела само електронски билети и во ЈСП и кај приватниците

Хартиениот билет купен кај возачот се укинува, а возачите во период од еден месец ќе продаваат неперсонализирани картички со 5 гратис возења. Билет во автобус ќе може да се плати и со мобилен телефон

Хартиениот билет за едно возење купен кај возачот во ЈСП од недела се укинува. Целосно стартува единствениот систем за наплата во јавниот превоз, па и кај приватниците и во ЈСП ќе важи исклучиво само електронскиот билет.
"Возачите во период од еден месец ќе продаваат неперсонализирани картички. Тие чинат 150 денари во кои патниците ќе добијат и пет гратис возења", велат од ЈСП.
Во Новата година корисниците на јавниот превоз задолжително треба да имаат електронска картичка, која може да се набави во сите продажни места на ЈСП-Скопје, во дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП и на приватните превозници.
Покрај неперсонализираната картичка, патниците ќе можат да си извадат и персонализирана, на која има фотографија од патникот. Таа чини 200 денари.



Наместо хартиен билет за едно возење, граѓаните кои немаат електронска картичка ќе можат преку својот мобилен телефон да купат билет за едно возење за сите линии и ноќен билет за едно возење, исто така за сите линии.
ЈСП апелира студентите и пензионерите, како корисници на субвенциониран превоз, да си ја продолжат важноста на билетите за 2017 година. Истите билети, од недела ќе им важат и во приватните автобуси.
Единствениот систем за наплата во јавниот превоз требаше целосно да се воведе од септември годинава, но поради штети од поплавите во 45 автобуси на приватниците, електронската наплата се воведе само во ЈСП, а стартот кај приватниците беше одложен за 1 јануари 2017 година. (М.И.П.)


Контролори на ЈСП и во приватните автобуси

Службата за контрола на ЈСП ќе ја контролира примената на електронската наплата и кај приватниците. И кај нив, од недела, ќе биде задолжително патниците за превозот да имаат електронски билети. На возачите повеќе нема да им биде дозволено, како досега, да земаат 25 денари за да го пропуштат патникот.


Текстот е прочитан 2256 пати.
#
И монтажните паркиралишта ја чекаат новата влада
ЈСП се враќа на 9-ка и 19-ка
Аби голтнал камен фрлен од посетител
Центар ќе ја урива дивоградбата на "Самоилова"
Со високи казни ќе се спречува паркирање на "Боемска 2"
Годинава подземни контејнери на 12 нови локации низ Скопје
"Паркови" привремено ќе пресели 14 дрвја од "Народен фронт"
Пцовиса Аби, братчето Кан остана само
Во Карпош нема да има зонско паркирање
26,8 милиони денари за прскање против комарци

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter