Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.01.2017, 13:59

ЈСП СО СОВЕТ ДО ГРАЃАНИТЕ

Да се пријават возачите што немаат картички за продажба

Граѓаните задолжително да го запомнат бројот на автобусот, а не бројот на линијата на која вози, за да може да се санкционира возачот

До крајов на месецов, за да им се олесни на граѓаните да си обезбедат неперсонализирана картичка за јавен градски превоз, ваква картичка можат да купат од возачот во автобус. Таа чини 150 денари, со неа следуваат пет гратис возења со неограничен рок за нивно искористување, а потоа може да се надополни. Ваква картичка може да се купи и во билетарниците низ градот.
Но во изминативе денови, во некои од автобусите немаше да се купат картички.
"По најголемиот снег одев од Кисела Вода до Центар, затоа што ниту во автобусот на линија 24 ниту во 13 возачите немаа картички. Наводно, им се потрошиле. Истиот одговор го добив и кога, по пат, се обидов да се качам во автобусот со број 58, а потоа и во оној што вози на линија 41. Карти немаше ни во билетарницата кај Општина Кисела Вода. Таму ми одговорија дека вршеле само надополнување, а не и продажба на картички", се пожали Александар од Кисела Вода.



Од ЈСП "Скопје" велат дека возачите имаат обврска секое утро со себе да понесат доволен број картички за да бидат услужени патниците. Но, како што велат, се случува некои од нив да не го сторат тоа.
"Се разбира дека ние го санкционираме таквото однесување, но мора да го знаеме бројот на автобусот во кој се случило тоа, затоа што на една иста линија возат повеќе автобуси. Затоа, доколку граѓаните имаат ваков или сличен проблем, задолжително да го запомнат бројот на автобусот, а не бројот на линијата на која вози", објаснуваат од Јавното претпријатие. Што се однесува до билетарниците, и тие, според ЈСП, мора да пријават кога картичките им се потрошени, за да им испорачаат од претпријатието нова тура.
(Ан. С.)


Текстот е прочитан 1040 пати.
#
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Скопје се чисти од новиот снег
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки
Голем дефект на мрежата, повеќе делови од Скопје без парно
Две нови возила за отпад во Илинден

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter